Германците сакаат да ја намалат емисијата на штетни гасови на нула до 2045 година. Германските власти предложија да се утврди нов, пократок рок за намалување на емисиите на штетни гасови.
Тие предложија да се помести рокот за намалување на емисиите на штетни гасови на нула до 2045 година.
Според предлогот на министрите за животна средина и финансии Свена Шулце и Олаф Шолц, Германија ќе ги зголеми целите за намалување на емисиите од 55 на 65 проценти од нивото од 1990 година до 2030 година и до 88 проценти од тоа ниво до 2040 година.
Експертите велат дека Германија ќе мора поагресивно да се справи со електраните на јаглен, ако сака да го забрза процесот на намалување на штетните емисии на гас.
Планот чека одобрување од владата на канцеларката Ангела Меркел, која треба да го разгледа следната недела.
И Шолц и Шулце изјавуваат дека се убедени дека владата ќе го усвои планот.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.