Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

8.8 C
Skopje
Saturday, April 27, 2024

More
    домаАгро советиШто треба да направите за да имате добар Целер

    Што треба да направите за да имате добар Целер

    petel baner

    Иако целерот важи за растение кое е тешко да се одгледува, тоа е прилично едноставно откако ќе разберете што точно треба да направите за да ве награди со сочни стебла. Што треба да направите за да имате добар Целер?

    Целерот припаѓа на семејството на кое припаѓаат коријандер, јаглика, анасон и морков. Потекнува од одредени региони на Африка, Азија и Европа.

    Ова растение сака да цвета во мочурливи услови, но бидејќи е тешко изводливо, особено во нечиј двор, целерот е култивиран за да може да се одгледува во градинарски услови.

    Освен што има крцкаво и вкусно стебло, целерот е богат со витамини К, А, фолати и калиум. Тој е дури и вистинска ѕвезда меѓу светски познатите личности кои го користат во пијалоци за детоксикација на организмот. Чистиот сок од целер нема чудесна моќ, но е многу хранлив пијалок. Истите придобивки може да ги имате со вклучување на целер во редовни оброци.

    Одгледување од семе

    Одгледувањето целер од семе може да се направи на отворено и во затворен простор. Сеењето се врши од средината на мај до средината на јуни, кога почвата се загрева.

    На целерот му требаат околу 3-4 месеци да расте, а пристигнува на есен за да се собере. Бидејќи многу добро толерира ниски температури, семето можете да го посеете во септември или октомври за зимската култура.

    Многу почетници се фрустрираат со целерот затоа што се чини дека никогаш нема да проникне. Работата е во тоа, што семето ода целер не се сее како другите семиња.

    Семињата од целер потешко набабруваат и ‘ртат, па затоа е добро да ги потопите во вода на температура од околу 20 степени пред сеидбата и да ги чувате на светло место неколку дена.

    Целерот бара почва богата со органска материја, па обидете се да ја обезбедите со хумусна почва.

    Кога ќе го наполните садот со земјата, положете ги семињата и не го покривајте со земја. Семето мора да има директна сончева светлина за да започне да ‘рти.

    Исто така, потребно е да се одржува постојана влажност, затоа е потребно редовно наводнување, а контејнерот може да се покрие со проѕирна фолија, со цел да се одржи температурата и влажноста.

    Бидете трпеливи. ‘Ртење може да трае до 18 дена.

    Пресадување на садници и грижа

    Целерот се сади во фаза од 5-8 листови, а растојанието е 40 × 25 см.

    Пред да пресадите садници на отворено, мора да ги навикнете на надворешните услови 7-10 дена или да ги вадите малку, секој ден подолго и подолго.

    На целерот му требаат 5-7 часа директна сончева светлина секој ден, затоа за пресадување во градината изберете место што ги има овие услови.

    Следно, подгответе го теренот. Коренот на целерот е деликатен, така што нема да расте добро во глинена почва или песок. Почвата мора да биде богата со хумус и растресита. Многу е важно да се провери pH вредноста на почвата бидејќи целерот успева само на pH помеѓу 6,5 и 7,5.

    Земјата треба да се одржува без плевел, да се напои рамномерно и потребни се околу 130-140 дена од сеидбата до бербата.

    Кога одгледувате целер, кога ќе достигне двојно поголема висина од расадот што сте го засадиле во земјата, натрупајте ја почвата на основата на растението. Ова ќе ги спречи сончевите зраци да стигнат до долната половина на стеблото, што ќе произведе посветло, помалку горчливо стебло.

    Во вториот, третиот и четвртиот месец, можете да го прихраните со додавање лажица ѓубриво 5-10-10. Не посипувајте врз растението, туку околу него, одалечено од стеблото околу 5 см.

    Многу е важно редовно да се напојува. Ако нема доволно влага, тоа ќе формира дрвенести влакна.

    Инсекти и болести

    Лисна вошка е најчестото искушение и треба да им се посвети посебно внимание. Покрај уништувањето на растението, тие придонесуваат и за развој на мозаичен вирус. Ако забележите бубамара во дворот, понесете ја до целерот бидејќи е предатор на лисната вошка. Можни се и напади на трипс.

    Agrobot

    Ако стеблото на целерот започне да станува кафеаво, а листовите развиваат кружни светли точки, тоа е напад на бактерии. Затоа, растојанието меѓу редовите е важно, така што листовите не ја пренесуваат инфекцијата на друго растение.

    Берба

    Кога висината на стеблата е најмалку 15 сантиметри од дното до првите листови, тогаш тие се подготвени за конзумирање. Ако не го јадете целиот целер одеднаш, можете да исечете одделни стебленца и прво да ги земете оние однадвор. Тие имаат посилна зелена боја и посилен вкус, додека стеблата одвнатре се со посветла боја и послатки.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    добар Целер

    Складирање

    За да го задржите целерот свеж во фрижидер до две недели, извадете ги листовите, завиткајте ги стеблата во влажна салфетка и затворете ги во пластична кутија. Чувајте го во одделот за ладилник за зеленчук. Можете исто така да конзумирате листови од целер во салата или како додаток на јадења од шпагети и тестенини.

    Ако сакате да го замрзнете целерот, можете да го исечете на помали парчиња, да го бланширате во врела вода една минута, да го ставите во ледена вода, да го извадите, да го исушите и да го спакувате во вреќи за замрзнување.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img