Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

7.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаАгро советиСончаница и топлотен удар кај животните

    Сончаница и топлотен удар кај животните

    petel baner

    Сончаница и топлотен удар се забнолувања на мозокот и ‘рбетниот мозок предизвикани од прегревање во текот на летото.

    Загревањето на споменатите органи доведува до нарушувања во центрите за дишење и циркулацијата и крвотокот во мозокот. Сончаницата се предизвикува од сончевите зраци кои дејствуваат директно на черепот. Топлотниот удар се јавува при топлина и замор при напорно движење, за време на транспортот, како и принудување на животни во штали.

    Agrobot

    Ако сончевите зраци удираат директно на главата на животното. Тогаш тие предизвикуваат хипертермија на мозокот, што доведува до прекумерно загревање на мозочната маса. Ова потоа доведува до блокирање на вазомоторните центри за дишење и циркулација на крвта. За време на топлотен удар за време на топли, спарни денови, животните не се во можност да се ослободат од вишокот топлина, која се акумулира во телото. Сето тоа предизвикуваи зголемена телесна температура, што доведува до парализа на нервите.

    Со појава на сончаница од сонце, се јавува брза вкочанетост, замор, нестабилно движење, сопнување, потење, забрзано чукање на срцето со неопиплив пулс, брзо и на моменти тешко дишење. Температурата на телото е висока (42 до 45 степени), но подоцна опаѓа. Понекогаш животните доживуваат колапс со субнормална температура. Пред да умрат, животните треперат и умираат во грчеви. Смртта може да се појави одеднаш или за 1 до 3 дена. При топлотен удар, заболеното животно се урива на земја и понекогаш ненадејно умира. Истите знаци се појавуваат како со сончаница.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Мерки за заштита

    Заболеното животно треба да се стави во сенка и да се напои со ладна вода, а ладни облоги треба да се стават на черепот и да се дадат вазоконстриктори, како камфор или кофеин. Во случај на тешко дишење, обидете се со вештачко дишење, а во случај на хипертермија, крвта треба да се ослободи.

    топлотен удар

    За време на жешкото лето, животните треба да се чуваат под сенка и да не се принудуваат да пасат на топлина, туку да се прави тоа наутро и навечер. Шталите исто така треба да се вентилираат, а најдобро е вратите и прозорците да бидат отворени.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img