Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

More
    домаАгро советиВидова трева - растение против проблеми со очите

    Видова трева – растение против проблеми со очите

    petel baner

    Видова трева (Eyebright, Euphrasia officinalis ), еден вид мали годишни тревни растенија, со прилично неубав изглед. Расте како полу-паразит на тревни корени скоро низ цела Европа, во ливади, пасишта и напуштени места.

    Пред повеќе години, еден париски лекар се прослави со успехот во лекувањето на болести на окото. Неговата слава се прошири низ целиот град кога се шушкаше дека многу од неговите пациенти престанаа да носат очила по неговото лекување.

    Otkup na kompiri

    Повеќето случаи, кои ги лекувал, биле воспаленија во една или друга форма. Блефаритисот и конјунктивитисот  тогаш биле ендемични заболувања. Лекот, кој тој го препишал, бил обична билка наречена Euphrasia officinalis, обично во форма на лосион за очи или понекогаш како чај.

    Лековитост на Видова трева

    Со векови, ова растение се смета за специфичен лек за воспаление,  замор на очите и насолзени очи. Интересно е да се напомене дека во повеќето европски јазици името на растението е мотивирано од неговите својства. На пример, на француски јазик, популарното име за ова растение е „casse-lunettes“, што значи „ги крши очилата“. На италијански јазик се нарекува „luminella“ или светло за очите.

    agrounik

    Благотворното дејство на видовата трева врз видот е познато со векови. растението е опишано како „скапоцена вода што го прочистува видот“. Во XVII. век, Калпепер, познат англиски билкар, рекол „Навистина е многу ефикасна во подобрувањето на видот, кој ослабуваше со текот на годините“.

    Чај од Видова трева

    Видовата трева цвета од јуни до август. Има горчлив вкус, а цветовите имаат благ мирис. Целото растение се бере за време на цветниот период и коренот не се користи. Треба да се исуши во сенка, на топло и проветрено место. Потоа се сецка и се чува во сад, на темно место и се користи при подготовка на разни препарати.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Неопходно е да се истурат 2-3 гр суви сецкани растенија во 150 мл врела вода. Оставете во покриен сад 10-15 минути и процедете. Во текот на денот, пијте три чаши незасладен свеж чај – една чаша пред секој оброк.

    Видова трева

    Чај за надворешна употреба

    Ставете 2 гр сецкани, исушени билки во 100 мл ладна вода. Варете ги кратко, па процедете кога ќе се изладат. Исплакнете ги очите или воспалените мукозни мембрани неколку пати во текот на денот.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img