Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

29.8 C
Skopje
Wednesday, July 6, 2022

More
    домаАгро советиКако да сочувате зелена салата свежа и до еден месец

    Како да сочувате зелена салата свежа и до еден месец

    На сите ни се случува да земаме или купиме свежа зелена салата и за неколку дена венее или станува лигава. Сепак, со малку внимание, повеќето видови зелена салата можат да го одржат свежиот изглед најмалку една до две недели, а некои сорти можат да останат свежи околу еден месец. Еве како.

    За долговечноста на зелена салата, важно е да се чува на ладно, суво место и без оштетување. Со примена на трикот со хартиена крпа, таа може да остане свежа до еден месец.

    Отстранување на јадрото

    Ако имате цела глава свежа зелена салата, најдобро е прво да го отстраните јадрото. Прво, не пресекувајте го со метален нож, бидејќи исечените рабови ќе станат кафеави. Наместо тоа, користете пластичен нож назабен за салата или само со сила. Едноставно, зграпчете го јадрото и извлечете го со енергично извртување и влечење нагоре.

    Складирање на зелена салата

    Откако ќе го отстраните јадрото, не треба да ја миете салатата, туку да ја чувате неизмиена во фрижидер. Кога сакате салата, а не сте сигурни дека ќе ја јадете цела, земете колку што ви треба, измијте и конзумирајте.

    зелена салата

    Салатата можете да ја чувате во пластична кеса или затворен пластичен сад. Ајсберг слатата најдобро се чува во пластична кеса, а останатите е подобро да се чуваат во затворен сад.

    Трик со хартиена крпа

    За да преживее салатата што е можно подолго, важно е да биде сува. За да го направите ова, земете хартиена крпа и ставете една под и една над салатата. Нејзината улога е да го апсорбира вишокот на влага. Кога ќе се натопи со вода, не заборавајте да ја отстраните и да ставите нова.

    Тоа е тоа. Многу едноставен трик, а сепак многу корисен што ви овозможува подолго да уживате во свежа зелена салата.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img