Сезоната на цреши започна, а покрај тоа што е вкусна и ни дава освежувачко задоволство, црешите како лек можат да бидат вашиот најдобар сојузник во борбата против разни болести и заболувања. Според многу експерти, црешите се ризница на здравјето „природен лек од дрвото“. Прочитајте подолу 7 причини да не ја пропуштите сезоната и да јадете што повеќе.
Црешите го чуваат срцето
Овие црвени плодови, кои за многумина се омилено летно задоволство, се богат извор на цинк, железо, калиум, манган и бакар. Калиумот има корисен ефект врз здравјето на срцето и е важна компонента на клетките и телесните течности кои го регулираат срцевиот ритам и крвниот притисок.
Црешата има силни антиинфламаторни својства
Благодарение на силното антиинфламаторно дејство, црвеното овошје е генерално најдобриот сојузник за болки во зглобовите. Богата со антиоксиданси (полифеноли, витамин Ц и Е, бета каротен). Црешата како лек спречува оксидација на клетките што ги придружува воспалителните процеси, затоа се препорачува за луѓе кои страдаат од гихт и артритис или имаат спортски повреди. Според експертите, 20 цреши на ден имаат посилен ефект од една таблета аспирин.
Црешите го стимулираат варењето на храната
Црешите со своите заштитни киселини и овошен шеќер ја стимулираат работата на желудникот, цревата и панкреасот. Така, тие поттикнуваат варење. Покрај тоа, црешите исфрлаат вода од телото и на тој начин го олеснуваат срцето и крвотокот и ги активираат црниот дроб и бубрезите.
Исто така, антибактериските супстанции во црешата спречуваат формирање на забни наслаги и можат да спречат развој на кариес и проблеми со непцата, како што е периодонтитисот. Исто така, црешата како лек ги чисти бубрезите и уринарниот тракт, бидејќи е одличен диуретик кој промовира излачување на урината.
Дејствуваат превентивно против ракот
Во слатките цреши ќе најдете и антиоксиданти како лутеин, „зеа-ксантин“ и бета каротен. Но, сèпак повеќе ги има во вишните. Овие соединенија дејствуваат како чистачи на слободни радикали и други штетни соединенија кои играат важна улога во стареењето, развојот на рак и разни болести.
Црешите имаат и позитивно влијание врз концентрацијата, рамнотежата и координацијата на движењата. Во исто време, тие го намалуваат крвниот притисок, а диеталните влакна содржани во нив го намалуваат ризикот од развој на рак на дебелото црево.
Цреши против брчки и стареење
Црешите се препорачуваат за луѓе кои страдаат од астма и алергии. Но, и на сите кои сакаат да имаат убава кожа затоа што црешите го промовираат производството на колаген. Ова овошје содржи антоцијанидини кои го зајакнуваат сврзното ткиво и спречуваат формирање на брчки со уништување на штетните ензими кои ја прават кожата стара и збрчкана. Црешата е исто така природен лек против целулит бидејќи може да спречи негово формирање.
Подобро расположение и лесен сон со неколку цреши
Црешите содржат и антиоксиданс мелатонин, кој го смирува нервниот систем и со тоа помага против неврози, несоница и главоболки. Мелатонинот, всушност, помага да го одржувате биоритамот уреден и точен.
Исто така, научниците од Универзитетот во Луизијана откриле како природниот сок од цреша влијае на спиењето. Нивното истражување покажало дека испитаниците спиеле во просек 85 минути подолго откако пиеле две чаши од овој сок дневно две недели.
Цреши за слабеење
Одлични се за слабеење – црешите имаат многу малку маснотии и малку калории. Во 100 грама има само 63 калории, а тие се одлична храна ако сте на диета. Поради високата содржина на вода и нискокалоричноста, тие помагаат при слабеење.
Благодарение на влакната и пектинот, овие плодови придонесуваат за чувство на ситост. Како и повеќето овошја, во црешите има многу калиум и малку натриум, што помага да се излачува вода од телото. Истражувачите од Универзитетот во Мичиген тврдат дека антоцијанините од темните цреши можат да ја намалат количината на масни наслаги на желудникот и да го намалат нивото на холестерол и шеќер во крвта.
Забелешка:
Природните лекови служат за помош на луѓето. Но, сдоколку имате здравствен проблем, првото нешто што треба да направите е да се консултирате со лекар. Во никој случај не треба да се потпирате на алтернативна медицина без стручно мислење.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.