Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

10.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

More
    домаАгро советиДали зајаците навистина обожаваат моркови?

    Дали зајаците навистина обожаваат моркови?

    petel baner

    Морковот може да биде многу опасен за зајаците, ако се зема во големи количини. Уште полошо е ако тоа е нивната главна храна. Во основа, зајаците не јадат коренест зеленчук и овошје. Причината за тоа лежи во фактот дека овој вид храна е богата со шеќери, а овие миленици треба да ја конзумираат само во мали количини.

    Повеќето зајаци воопшто не го сакаат вкусот на моркови. Кога ќе му дадете морков, често се случува зајакот да одлучи да го изеде зелениот дел, односно листовите на горниот дел од морковот. Истражувањата покажале дека само осум проценти од сопствениците на зајаци знаат како да го хранат своето крзнено милениче. Зајаците често страдаат од кариес и проблеми со варењето на храната, што е предизвикано од лошата исхрана. Она што треба да биде најмногу застапено во неговата исхрана се квалитетно сено и трева. Таквата диета ќе му помогне на зајакот да одржува нормална должина на забите кои постојано растат, а од друга страна, ќе има здрав стомак. Покрај тоа, не заборавајте да му давате мала, соодветна мерка пелети секој ден, така што зајакот ќе ги добие сите потребни витамини и минерали.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Otkup na kompiri

    Исхраната на зајакот треба да се состои од:
    – свежо сено (мешавина од разни треви)
    – свеж зеленчук и билки
    – и, конечно, квалитетни пелети во помали количини. Сè што не е вклучено во горенаведеното, треба да биде дадено во ограничени количини. Свежата и чиста вода СЕКОГАШ треба да им биде достапна.

    Внимателно со исхраната на зајаците

    Зајаците обожаваат свежо собрани миризливи билки од градината. Потребна е многу малку храна од пелети за добро здравје на зајакот. Во периодот од 7 недели до 7 месечна возраст, кога нивниот раст е забрзан, вашиот зајак може да јаде пелети колку што сака. Помеѓу седум месеци и една година, потребно е постепено да се намалува количината на пелети. Зајаци полесни од 1 кг може да имаат побрз метаболизам од поголемите зајаци. Зајаците сакаат и овошје. Може да послужи како десерт, но во мали количини како резултат на високата концентрација на шеќер, поради можно нарушување на бактериската рамнотежа во составот на дигестивниот систем, а исто така може да предизвика зајаците да сакаат да јадат само слатки, а не и нивната нормална, здрава храна.  Доволно е едно или две мали парчиња на ден.

    зајаците

    Скоро сите зајаци се „луди“ по слатки и можат да намирисаат бисквити или чоколадо од соседната соба. Давањето слатки дефинитивно треба да се избегнува бидејќи може да предизвика сериозни, па дури и фатални последици врз нивниот мал организам. Чоколадото е отров за нив! 

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img