Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-5.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро советиРастенија кои помагаат против чад од тутун во домот

    Растенија кои помагаат против чад од тутун во домот

    petel baner

    Ако сте пушач и страдате од проблем со чад од тутун во вашиот дом, ќе бидете задоволни со фактот дека постојат растенија кои се вистински еколошки „правосмукалки“ на истиот. Ние избравме за вас три растенија што можете да ги усвоите за оваа намена, како и прирачник за одгледување за секое од нив.

    Фикус

    Тоа е растение кое го неутрализира чадот од тутун, но исто така и бактериите, габите и прашината. Го намалува нивото на јаглерод диоксид, како и хемикалиите кои се дел од лаковите и боите. Оваа огромна придобивка на фикусот произлегува од фактот дека во неговите листови живеат бактерии кои се хранат со овие штетни материи. Затоа, како што растението расте, неговите листови растат, а работата на бактериите станува уште поефикасна.

    Otkup na kompiri

    Главната карактеристика на фикусот е тоа што е огромен љубител на светлината, затоа е неопходно да се обезбеди. Меѓутоа, ако го извадите на тераса во текот на летните месеци, обидете се да најдете полу-засенчено место за тоа.

    Кога се чува во просторијата, проверете дали сончевите зраци паѓаат одозгора и ставете ги на ниска маса покрај прозорецот. Фикусот не толерира температурни осцилации и промаја. Исто така, откако ќе го поставите, обидете се да не го поместувате садот бидејќи тоа може да доведе до паѓање на листовите. Покрај тоа, избегнувајте пресадување или направете го тоа само кога треба.

    чад од тутун
    Фикус

    Нега на фикусот

    Во текот на летото, бришете ги неговите листови со крпа со млака вода, секоја недела. Со бришење, првенствено ќе ја отстраните прашината, но исто така ќе обезбедите и посилен раст на растението. Откако ќе ги избришете листовите со влажна крпа, отстранете го вишокот вода со сува крпа.

    Во зима, проверете дали собната температура се движи од 10 до 15 степени.

    Доколку температурите се пониски и ако премногу го полевате, ќе забележите пожолтени листови што ќе паднат. Општата температура што најмногу влијае на него е од 15 до 18 степени.

    Наводнување и прихранување

    Што се однесува до наводнување, во текот на зимските месеци тоа се прави еднаш во 10 дена. Од пролет до есен двапати во текот на неделата. За да не наводнувате прекумерно или, напротив, да го пресушите вашето растение, со прстот допирајте ја земјата на длабочина од три сантиметри секој ден. Во зависност од тоа наводнете ја или почекајте уште неколку дена со наводнување.

    Кога станува збор за почвата, нека биде растресита почва со малку песок, глина, тресет и хумус. Значи добрата пропустливост и дренажа се неопходни. Кога станува збор за исхраната, тој најмногу бара азот со цел неговото зеленило да расте правилно.

    Друга придобивка на Фикусот е секако дека создава чувство дека сте во тропска шума, вклопувајќи се во речиси секоја домашна декорација.

    Бршлен

    Бршленот е растение кое е прочистувач на загаден воздух од чад од тутун и го освежува, оставајќи го воздухот поквалитетен. Неговата предност е голема отпорност и леснотија на одгледување.

    Ова растение, кое инаку е познато по тоа што носи среќа во зависност од видот, бара различна количина на светлина. Имено, ако е бршлен со разнобојни листови, сака многу светло, а ако имате зелен бршлен, обезбедете му половина сенка доколку го извадите на тераса.

    Сепак, дури и ако се шарени, не изложувајте ги на директна и силна сончева светлина, бидејќи во тој случај почвата брзо се суши, а бршленот не се развива правилно. Немојте да се изненадите ако вашето растение расте бавно во првите години, ова е нормално за бршлен. Важно е да се напомене дека не треба да го вадите на тераса кога има силен ветер.

    Бршлен

    Во текот на зимските месеци, температурата не смее да падне под 0, и бидејќи греалките работат во таа сезона, неговите листови треба да се навлажнуваат со крпа натопена во вода.

    Кога станува збор за наводнување, принципот е ист како кај фикусот – во лето и во есен двапати во текот на неделата, во зима еднаш во 10 дена. Се препорачува да се користи дождовница при наводнување. Од март до осмиот месец кога наводнувате, додавајте течно ѓубриво на секои две недели. Користете го она за зелени растенија.

    Сака глина во комбинација со песок или поситен чакал заради подобра дренажа. Кога ќе видите како коренот излегува низ дупките на дното на садот, време е да го пресадите. Ова главно се прави на секои три години.

    agrounik

    Алое вера

    Една од важните карактеристики на ова растение е тоа што покрај справувањето со проблемите од чад од тутун, тоа апсорбира електромагнетно зрачење од телевизорите, компјутерите и телефоните. Апсорбира формалдехид од ламинат, изолациски материјали, како и бензен од пластика и разни бои. Познато е дека во ова растение се појавуваат кафени дамки на листовите ако воздухот има голема концентрација на штетни материи.

    Кога станува збор за најидеалната локација за нејзино чување, тоа е без сомнение спалната соба, бидејќи е една од ретките растенија што ослободува кислород во текот на ноќта. Можете исто така да го чувате во кујната, бидејќи таму е едноставно многу украсно. Важно е само да се избере место кое е сончево (потребни се минимум 8 часа светлина). Кога ќе се затопли во текот на денот, извадете го на балкон, но избегнувајте директна сончева светлина бидејќи неговите листови ќе потемнат и ќе се исуши.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Алое Вера

    Не бара многу кога станува збор за наводнување. За време на топлите денови еднаш неделно, а во текот на зимата дури еднаш месечно не повеќе. Во спротивно може да се појави гниење на коренот.

    Изберете поширока и поплитка саксија која ќе има дупки на дното за да се исцеди вишокот вода. Најдобро е да се направи мешавина од песок, чакал и земја. Во текот на пролетните месеци, таа се храни особено со фосфор.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img