Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаАгро советиРосопас за отстранување на вирусни брадавици

    Росопас за отстранување на вирусни брадавици

    petel baner

    Росопас е најпознат денес по своето дејство врз вирусните брадавици. Тинктурата може да помогне во отстранување на самите брадавици, а ние ви пренесуваме рецепт за правење на истата. Многумина го сметаат за плевел, дури и без да знаат дека станува збор за росопас.

    Го препознаваме по малите жолти цветови со четири ливчиња, а може да порасне до 60-70 см во висина. Најпознат е по неговиот жолт сок што го ослободува кога ќе го исцедиме меѓу прстите или ќе го исечеме стеблото, а самиот сок може да се користи свеж за отстранување на вирусни брадавици. Како и неубавиот изглед, росопасот исто така испушта остар и непријатен мирис при бербата, но мирисот ќе испари при сушењето.

    Росопас е најпознат по своето влијание врз брадавиците на кожата, но неговите лековити својства се протегаат многу подалеку. Одличен е за лекување на многу здравствени проблеми како што се жолтица, астма и туберкулоза, несоница, анксиозност, заболување на црниот дроб и инфекции на бубрезите и мочниот меур.

    Тинктура од росопас – рецепт

    Кога се прави тинктурата, пожелно е да се користи сув растителен материјал што самите го береме за време на сув и топол ден кога е видливо лачењето на жолто-портокалов сок од стеблото.

    Се препорачува да носите ракавици додека го берете бидејќи сокот може да предизвика иритација на кожата. После тоа, потребно е да се исуши растителниот материјал на темно, проветрено и суво место.

    Капките од росопас се прават многу лесно и најдолгиот дел од правењето е чекањето да се направи тинктурата. Во следниот рецепт, се користи 70% медицински алкохол, но исто така е можно да се користи домашна ракија или водка како алкохолен дел.

    Потребни состојки:

    Суви цветови и стебла од росопас
    500 мл алкохол (45-70%)
    Чиста стаклена тегла од 500 мл
    Темно стакло шише за чување

    Agrobot

    Капките од росопас треба да се прават со добро исушен растителен материјал. Првиот чекор е да се наполни стаклена тегла од 500 мл со росопас, но не премногу набиено. Тогаш е потребно да се истури алкохолот, добро да се затвори теглата и да се протресе смесата.

    Теглата треба да се остави 2-3 недели на темно место, со повремено протресување на смесата. Откако ќе помине доволно време, се цеди тинктурата и се пренесувае во шише со темно стакло. Препорачуваме шише со дозер за полесно дозирање капки од течноста. Рокот на траење на тинктурата е до 6 месеци.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Росопас

    Користење на капките

    За да ги отстраните вирусните брадавици или габични инфекции од кожата и ноктите, ставете неколку капки тинктура дневно на погодената област. Препорачливо е да се нанесе тинктурата исклучиво на брадавицата или на габите / ноктите за да се избегне оштетување на здравата кожа.

    За вирусни брадавици, препорачливо е да се нанесе тинктурата на парче памучна вата (исечена со големината на брадавицата), а потоа да се нанесе со фластер на брадавицата. Оставете ја памучната вата преку ноќ и повторете ја минимум 7 дена пред да се обидете да ја отстраните брадавицата. Доколку е потребно, повторете го процесот додека брадавицата не потемни и не почне да изумира.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img