Селата се полнат со жители?
420 странски државјани се населиле во селата во Македонија во 2020
Од Македонија лани се иселиле 1.082 македонски граѓани, а во државава се доселиле 1.848 лица од странство, покажуваат статистичките бројки од Државниот завод за статистика.
Од иселените од Македонија 664 живееле во градски подрачја, а 418 во селски. Од Југозападниот регион се отселиле 257 жители во други држави, од Југоисточниот регион 218, од Полошкиот 149, од Вардарскиот 142 и од Источниот 139 граѓани. Најмалку иселени, само 42 лица, се од Скопскиот регион.
Во истиот период во 2020 во Македонија се доселиле 1.848 странски државјани, и тоа 1.428 во градовите, а 420 во македонските села.
Во однос на внатрешните миграции, во Македонија лани се преселиле вкупно 2.920 лица, од кои најмногу 1.457 лица се преселиле во Скопскиот регион, а најмалку 179 во Североисточниот.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.