Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиРусија се враќа на тронот

    Русија се враќа на тронот

    petel baner

    Русија се враќа на тронот оваа година како производител на жито.

    Извозот на житни култури ќе надмине 48 милиони тони во земјоделската сезона 2020-2021 година, соопшти Министерството за земјоделство на Руската Федерација.

    Otkup na kompiri

    Големите количини пченица произведена во Русија не само што ги задоволуваат домашните потреби, туку им овозможуваат и активен извоз. Според првичните проценки на руското Министерство за земјоделство, годинашниот извоз на таа земја ќе надмине 48 милиони тони житни култури, од кои  37,5 милиони се  однесуваат на пченицата.

    Се предвидува дека вкупниот обем на извоз ќе биде еден од најголемите во историјата на таа светска велесила. На тој начин, таа би можела уште еднаш да ја заземе водечката глобална позиција кога станува збор за набавка на пченица, и со тоа да ја симне од тронот соседна Украина . 

    agrounik

    Заклучно со 1 јули, извозот на жито (кој не ги вклучува земјите на ЕУ во мај и јуни) изнесува 47,8 милиони тони, што е за 12,7 проценти повеќе отколку во истиот период минатата сезона кога беше 42,4 милиони тони. Што се однесува до пченицата, таа достигна 37,2 мил. т., што е раст од 10 проценти, потоа јачмен 6,1 милиони тони (+37,8 проценти) и пченка 4 милиони. т (+ 2,9 проценти).

    Главни купувачи на руско жито минатата сезона беа Турција, која купи 8,4 милиони тони, што е 17,5 проценти од извозот, потоа Египет со 8,1 милиони тони, или 17 проценти, Саудиска Арабија со 2,8 милиони тони, што е 5,9 проценти, Бангладеш со 1,8 милиони тони, или 3,9 проценти, и Пакистан со 1,6 милиони тони, што одговара на 3,3 проценти од извозот. Покрај тоа, им е отворена многу ветувачка рута за снабдување до Алжир.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Извозниот потенцијал во тековната сезона се проценува на 51 милион тони, а конечните проценки ќе зависат од жетвата, како и од општата состојба на странските пазари, заклучува руското министерство.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img