Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

26.8 C
Skopje
Thursday, October 10, 2024

More
    домаАгро советиЗапознајте ги добрите и лошите страни на чоколадата

    Запознајте ги добрите и лошите страни на чоколадата

    petel baner

    Најобожуваното од сите – чоколада – има свои добри и лоши страни за здравјето. Ги систематизиравме за да можете сами да видите колку лица има оваа чудесна храна. Проучете ги добрите и лошите страни и измерете ја вашата идеална дневна количина на чоколадо. Секако, предностите ги надминуваат недостатоците.

    Добри страни

    Ја зајакнува кожата

    Научниците од Универзитетот Хајнрих Хајне во Дизелдорф изложиле на УВ зрачење луѓе кои редовно консумираат чоколада. Откриле дека по шест недели имале 15% помалку црвенило во споредба со оние кои не јаделе чоколадо. Се верува дека состојките во чоколадото делуваат како УВ-филтер. По 12 недели, кожата на љубителите на чоколадо била 16% поцврста, 13% хидрирана и дури 42% помалку ронлива. Очигледно, чоколадото ја подобрува циркулацијата на крвта и подобро ја снабдува кожата со хранливи материи.

    Otkup na kompiri

    Не предизвикува акни

    Долго време се сметаше дека чоколадото поттикнува акни. Научниците од Универзитетот во Њукасл ги проучуваа доказите и открија дека чоколадото воопшто не е виновно за оваа појава.

    Го ублажува заморот

    Кај пациенти со синдром на хроничен замор, дневната потрошувачка на 45 грама црно чоколадо за осум недели довела до намалување на заморот. Научниците веруваат дека чоколадото ги стимулира невротрансмитерите одговорни за управување со спиењето и расположението.

    Важно за циркулацијата на крвта

    Научниците од универзитетот Харвард тврдат дека уделот во мозочни удари, срцеви заболувања, рак и дијабетес е помалку од 10% кај членовите на панамското племе Куна, кои трошат дури 40 чаши какао неделно. Какаото содржи соединение епикатехин, кое го зголемува нивото на азотен оксид и со тоа доведува до проширување на крвните садови и подобрување на протокот на крв.

    agrounik

    Го активира мозокот

    Истражувањето на мозокот кај здрави жени открило дека какаото богато со флаванол го зголемува протокот на крв во мозокот за 2-3 часа. Научниците веруваат дека какаото може да им користи на постарите луѓе кои страдаат од деменција и Алцхајмерова болест.

    чоколада

    Лоши страни

    Недоволен квалитет на состојките

    Производителите на чоколадо честопати во процесот ги отстрануваат здравите флаваноли како што е епикатехин, поради нивниот горчлив вкус. Чоколадите со 80% какао имаат многу горчлив вкус, за некои дури и непријатни, а за оптимални здравствени ефекти треба да изберете темно чоколадо со висока содржина на какао – повеќе од 60%.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Многу маснотии

    Повеќето чоколади се богати со енергија – еден ред млечно чоколадо има 150 kcal (килокалории), а треба да знаете дека во просек 50% од енергијата во чоколадото доаѓа од маснотии. Сепак, пријатно е што приближно половина од заситените маснотии во чоколадото се стеаринска киселина, што не го зголемува нивото на „лош“ ЛДЛ-холестерол, туку само „добар“ ХДЛ-холестерол. Покрај тоа, мастите во чоколадото помагаат во контролирање на ослободувањето на глукозата во нашето тело. Гликемискиот индекс на повеќето чоколади во просек е низок од 45, што значи дека не е стопроцентно лош за луѓето со дијабетес.

    Слабеење на коските

    Шефот на истражувањето во австралиската болница Royal Perth, Џонатан Хоџсон, смета дека е можно оксалатите во чоколадото да спречуваат апсорпција на калциум, а шеќерот за возврат да го стимулира неговото излачување од организмот. Имено, во болницата Royal Perth, спроведена е студија врз постари жени кои јаделе чоколадо секој ден. Резултатите покажале дека нивните коски биле послаби од оние кои јаделе чоколадо помалку од еднаш неделно.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img