Јавен ОГЛАС бр.02/21
за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање
I. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 2122ха 05ар 26м2 во следните региони во Република Македонија:
Реден број на целина | Регион | Катастарска Општина | Површина на целина | Намена на земјоделското земјиште | Рок на изградба | Почетна цена за јавно наддавање изразена во евра за целата целина | ||
ха | ар | м2 | ||||||
1 | Берово | Берово вон – град | 4 | 51 | 13 | Подигање на долгогодишни насади (лешник) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 406,00 |
2 | Берово | Берово вон – град | 6 | 35 | 78 | Подигање на долгогодишни насади (лешник) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 572,00 |
3 | Битола | С.Тодори | 10 | 82 | 16 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.299,00 |
4 | Битола | Подино | 10 | 00 | 00 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 900,00 |
5 | Битола | Новаци-вон.гр | 5 | 56 | 79 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 668,00 |
6 | Битола | Д.Српци | 4 | 17 | 03 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 500,00 |
7 | Битола | Лисолај | 18 | 88 | 87 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 2.267,00 |
8 | Битола | Кажани | 19 | 90 | 01 | Подигање на долгогодишни насади и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.791,00 |
9 | Велес | Војница | 40 | 58 | 30 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 2.435,00 |
10 | Велес | Извор | 45 | 86 | 60 | Подигање на долгогодишни насади (лешник) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 2.752,00 |
11 | Велес | Велес | 9 | 08 | 17 | Подигање на долгогодишни насади (лозје) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 817,00 |
12 | Велес | Краслари | 10 | 03 | 18 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 602,00 |
13 | Велес | Кочилари | 24 | 87 | 64 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.975,00 |
14 | Велес | Новачани | 63 | 00 | 49 | Подигање на долгогодишни насади (лозје) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 4.946,00 |
15 | Велес | Стари Град | 40 | 16 | 95 | Подигање на долгогодишни насади (лешник) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 2.410,00 |
16 | Велес | Згрополци | 10 | 37 | 62 | Подигање на долгогодишни насади (лешник) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 934,00 |
17 | Велес | Згрополци | 19 | 35 | 22 | Подигање на долгогодишни насади (лешник) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.742,00 |
18 | Велес | Новачани | 6 | 16 | 80 | Подигање на долгогодишни насади (лозје) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 370,00 |
19 | Велес | Новачани | 4 | 63 | 50 | Подигање на долгогодишни насади (лозје) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 278,00 |
20 | Велес | Велес | 3 | 10 | 71 | Подигање на долгогодишни насади (лозје) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 186,00 |
21 | Велес | Ново Село | 84 | 28 | 35 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 5.057,00 |
22 | Велес | Ногаевци | 81 | 60 | 54 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 5.242,00 |
23 | Виница | Блатец | 6 | 98 | 83 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 629,00 |
24 | Виница | Блатец | 6 | 39 | 55 | Подигање на долгогодишни насади и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 384,00 |
25 | Гази Баба | Старо Скопје | 3 | 39 | 32 | Подигање на долгогодишни насади (лешник) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 280,00 |
26 | Гевгелија | Стојаково | 17 | 41 | 00 | Подигање на долгогодишни насади (лозје) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 2.089,00 |
27 | Делчево | Стамер | 6 | 68 | 01 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 601,00 |
28 | Кавадарци | Сопот | 4 | 72 | 97 | Подигање на долгогодишни насади (лозје) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 336,00 |
29 | Кавадарци | Марена | 3 | 70 | 00 | Подигање на долгогодишни насади (лозје) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 444,00 |
30 | Кавадарци | Сопот | 3 | 28 | 84 | Подигање на долгогодишни насади (лозје) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 296,00 |
31 | Кисела Вода | Ново Село | 22 | 63 | 31 | Подигање на долгогодишни насади (лешник) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.350,00 |
32 | Кисела Вода | Ново Село | 15 | 48 | 00 | Одгледување на други земјоделски култури, за поставување на пчелни семејства и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 928,00 |
33 | Кисела Вода | Сопиште вгр | 6 | 04 | 86 | Подигање на долгогодишни насади и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 544,00 |
34 | Кочани | Кочани | 9 | 01 | 95 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.082,00 |
35 | Кочани | Мојанци | 20 | 95 | 52 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 2.515,00 |
36 | Кочани | Лепопелци | 23 | 76 | 49 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 883,00 |
37 | Кочани | Врбица | 26 | 47 | 36 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 2.251,00 |
38 | Кочани | Врбица | 21 | 24 | 86 | Подигање на долгогодишни насади (лозје) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 2.550,00 |
39 | Кочани | Мородвис | 6 | 00 | 00 | Подигање на долгогодишни насади (лешник) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 540,00 |
40 | Куманово | Матејче вгр | 18 | 15 | 47 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.837,00 |
41 | Куманово | Пелинце | 13 | 49 | 09 | Подигање на долгогодишни насади и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 810,00 |
42 | Куманово | Ново Село | 3 | 83 | 71 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 268,00 |
43 | Куманово | Биљановце вгр | 7 | 81 | 16 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 703,00 |
44 | Куманово | Матејче вгр | 8 | 69 | 75 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.044,00 |
45 | Куманово | Куманово | 7 | 53 | 31 | Подигање на долгогодишни насади (лешник) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 452,00 |
46 | Куманово | Младо Нагоричане | 14 | 77 | 94 | Подигање на долгогодишни насади (лозје) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 887,00 |
47 | Куманово | Љубодраг | 28 | 46 | 68 | Подигање на долгогодишни насади и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 3.416,00 |
48 | Неготино | Пепелиште | 6 | 42 | 35 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 578,00 |
49 | Неготино | Пепелиште | 11 | 70 | 68 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 702,00 |
50 | Неготино | Бистренци и Корешница | 305 | 79 | 18 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 31.417,00 |
51 | Неготино | Војшанци | 14 | 40 | 98 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.297,00 |
52 | Неготино | Војшанци | 8 | 62 | 49 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 776,00 |
53 | Неготино | Пепелиште | 29 | 57 | 21 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.774,00 |
54 | Неготино | Пепелиште | 70 | 89 | 83 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 3.468,00 |
55 | Неготино | Курија | 45 | 66 | 12 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 4.110,00 |
56 | Неготино | Криволак | 13 | 91 | 79 | Подигање на долгогодишни насади (лозје) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.670,00 |
57 | Неготино | Курија | 11 | 50 | 42 | Подигање на долгогодишни насади (лозје) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.035,00 |
58 | Прилеп | С.Лагово | 8 | 78 | 94 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 527,00 |
59 | Прилеп | Ропотово | 24 | 46 | 92 | Подигање на долгогодишни насади (лешник) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.468,00 |
60 | Прилеп | Ропотово | 8 | 12 | 88 | Подигање на долгогодишни насади (лешник) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 488,00 |
61 | Прилеп | Ропотово | 11 | 06 | 13 | Подигање на долгогодишни насади (лешник) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 664,00 |
62 | Прилеп | Ропотово | 24 | 21 | 33 | Подигање на долгогодишни насади (лешник) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.453,00 |
63 | Радовиш | Сулдурци | 21 | 69 | 75 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.302,00 |
64 | Ресен | Наколец | 4 | 68 | 52 | Подигање на долгогодишни насади (лешник) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 562,00 |
65 | Ресен | Сопотско | 11 | 22 | 44 | Подигање на долгогодишни насади и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 687,00 |
66 | Свети Николе | Црнилиште вгр , Лозово вгр и Кнежје | 135 | 36 | 03 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 10.927,00 |
67 | Свети Николе | Кадрифаково | 17 | 95 | 00 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.616,00 |
68 | Свети Николе | Дорфулија | 38 | 00 | 00 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 3.420,00 |
69 | Свети Николе | Ѓузумелци | 49 | 99 | 36 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 3.000,00 |
70 | Свети Николе | Аџиматово | 20 | 49 | 80 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.845,00 |
71 | Свети Николе | Кнежје | 67 | 39 | 68 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 4.044,00 |
72 | Свети Николе | Кнежје | 15 | 90 | 34 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.431,00 |
73 | Струмица | Еднокуќево | 31 | 24 | 56 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 3.518,00 |
74 | Штип | Степанци | 135 | 95 | 95 | Подигање на долгогодишни насади (лешник) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 8.909,00 |
75 | Штип | Таринци | 17 | 01 | 27 | Подигање на долгогодишни насади и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.794,00 |
76 | Штип | Таринци | 23 | 68 | 17 | Подигање на долгогодишни насади и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 2.131,00 |
77 | Штип | Љуботен и Липов Д. | 82 | 18 | 17 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 4.749,00 |
78 | Тетово | Стенче | 4 | 32 | 73 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 519,00 |
79 | Тетово | Голема Речица вгр | 15 | 39 | 45 | Одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 1.385,00 |
80 | Тетово | Вратница вгр | 4 | 02 | 97 | Подигање на долгогодишни насади (лешник) и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи | 5 години | 484,00 |
Податоците за земјоделското земјиште предмет на овој јавен оглас (за службености и други товари, за состојбата во која се наоѓа земјиштето, катастарските податоци содржани во имотниот лист) се во согласност со постоечката катастарската евиденција и увид во тие податоци за секоја површина може да се направи на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанствои на огласната табла во подрачнаите единици на Министерството, каде се наоѓа земјоделското земјиште кое е предмет на јавниот оглас.
Листите со катастарски индикации на земјиштето кои го идентификуваат се дадени во деталните прегледи во прилог на огласот.
Земјоделското земјиште предмет на огласот во зависност од видот на земјоделската култура која ќе се одгледува, ќе се доделува во времетраење од:
-подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници) и оранжерии за период до 30 години,
-подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
-одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,
II.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.
Поврзаните лица во смисла на поврзани правни лица, поврзани физички лица, поврзано физичко лице со правно лице и индиректно поврзани лица во правно лице имаат право на учество на јавниот оглас и можат да достават само една понуда за учество.
Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи им е приоритетна дејност.
Странските правни лица, имаат право да учествуваат на јавен оглас доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија.
На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно- истражувачки дејности.
Право на учество на јавниот оглас немаат лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост и даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување.
Право на учество на јавниот оглас немаат правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации.
Учесниците на јавниот оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање, должни се да достават:
а)за правни лица:
-пријава (образец е даден во приог на страната на МЗШВ или може да се подигне од подрачна единица на Министерството);
-доказ (акт) издаден од Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис во трговскиот регистар или од друг надлежен орган за упис на правните лица(доколку се аплицира со подружница потребно е документот од централен регистар да содржи податоци за претежна дејност на правното лице и на подружницата);
-доказ за намирени обврски по однос на даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување;
-бизнис план кој содржи основни податоци за учесникот, целта за која ќе го користи земјиштето, применета технологија, број на вработени, пазарни аспекти, очекувани производно – економски резултати (бизнис планот треба да биде потпишан на секоја страна од страна на управителот на правното лице или од овластено лице за потпис со прилог овластвање заверено на нотар);
-изјава (заверена на нотар) од основачите и одговорното лице во правното лице дека не биле основачи или управители на правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор;
-банкарска гаранција за учество на јавен оглас во висина на понудена деветмесечна закупнина;
-доказ за материјално – техничка опременост (сообраќајна дозвола, фактура, договор за купопродажба заверен на нотар, правосилна судска одлука или акт на друг надлежен орган) или доказ за користење на трактор како основно средство за обработка на земјоделското земјиште (договор за лизинг или договор за послуга заверени на нотар) и
-Изјава (заверена на нотар) за висина на инвестициите на земјоделското земјиште предмет на јавниот оглас (вредноста на објектот).
б)за физички лица:
-пријава (образец е даден во приог на огласот на страната на МЗШВ или може да се подигне од подрачна единица на Министерството);
-доказ за намирени обврски по однос на даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување;
-фотокопија од лична карта;
-потврда за упис во единствениот регистар на земјоделски стопанства;
-решение за регистриран вршител на земјоделска дејност или доказ од Централен регистар за регистриран трговец поединец;
-програма за користење на земјиштето која содржи основни податоци за семејството, техничко-технолошка опременост, целта за која ќе го користи земјиштето, пазарни аспекти (програмата треба да биде потпишна на секоја страна од подносителот на понудата);
-изјава за веродостојноста на податоците дадени со пријавата заверена на нотар;
-изјава заверена на нотар дека не бил основач или одговорно лице во правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор;
-банкарска гаранција за учество на јавен оглас во висина на понудена деветмесечна закупнина;
-доказ за материјално – техничка опременост (сообраќајна дозвола, фактура, договор за купопродажба заверен на нотар, правосилна судска одлука или акт на друг надлежен орган) или доказ за користење на трактор како основно средство за обработка на земјоделското земјиште (договор за лизинг или договор за послуга заверени на нотар) и
-Изјава (заверена на нотар) за висина на инвестициите на земјоделското земјиште предмет на јавниот оглас (вредноста на објектот).
Потребната документација се доставува во оригинал или фотокопија заверена на нотар (освен личната карта за физичките лица).
Образецот за учество на јавниот оглас (понуда) потребно е да се пополни целосно со сите потребни податоци во спротивно понудата нема да биде разгледувана.
Понудите кај кои комисијата ќе утврди дека:
– не ја содржат целата потребна документација;
– се поднесени по истекот на рокот за поднесување;
– се доставени во означен коверт со кој би можел да се идентификува понудувачот;
– се поднесени од лице кое нема право да поднесува понуди и
– не се изработени според условите утврдени во јавниот оглас, комисијата ќе ги отфрли како некомплетни.
Понудите за земјоделското земјиште во државна сопственост за кое по службена должност Комисијата ќе утврди дека не се подмирени обврските од претходно склучените договори , Комисијата ќе ги отфрли како недопуштени.
Понудите за земјоделското земјиште во државна сопственост за кое Комисијата ќе утврди дека еден понудувач има доставено повеќе од една понуда, Комисијата ќе ги отфрли како недопуштени.
Понудата која ќе биде доставена со понудена закупнина пониска од минималната закупнина утврдена согласно Законот за земјоделското земјиште нема да биде разгледувана и Комисијата ќе ја отфрли како недопуштена.
Некомплетни и недопуштени доставени понуди по јавниот оглас нема да се разгледуваат, а понудувачите ќе бидат известени за некомплетноста по електронски пат на доставената е-маил адреса .
Условите предвидени во бизнис планот (за правни лица), односно пазарните аспекти предвидени во програмата (кај физички лица) ќе бидат составен дел на договорот со избраниот понудувач како договорни обврски кои ќе биде должен да ги исполни во обемот, роковите и на начинот како што ќе бидат опишани во јавниот оглас.
III. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ
Комисијата врши избор на најповолен понудувач согласно член 4 од Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде во закуп и определување на големината на површината на земјоделското земјиште кое може да се даде под закуп (“Службен весник на Република Македонија“ бр.12/08, 26/12, 2/13, 158/13, 110/15, 120/15, 129/15, 27/16 и “Службен весник на Република Македонија“ бр.16/20).
Големината на површината на земјоделското земјиште во државна сопственост за која може да се поднесе пријава и која може да се даде под закуп на еден учесник, се утврдува врз основа на минимално материјално-техничката опременост на понудувачот и бројот на планирани вработени односно вработени според бизнис планот односно програмата и тоа:
-за површина до 50 хектари-најмалку 1 трактор од лесна категорија (до 80kw) и најмалку еден планиран вработен во редовен работен однос;
-за површина до 100 хектари-најмалку 2 трактори од лесна категорија (до 80kw) или најмалку 1 средна (од 80 до 120kw) и најмалку 2 планирани вработени во редовен работен однос;
-за површина до 150 хектари-најмалку 4 трактори од лесна категорија (до 80kw) или најмалку 2 средна или најмалку 1 тешка (над 120kw) и најмалку 4 планирани вработени во редовен работен однос;
-за површина над 150 хектари, бројот/ капацитетот на механизацијата сразмерно да расте со големината на површината која ќе се обработува и на секој 50 хектари планиран по еден вработен во редовен работен однос.
IV.УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПОСТАПКАТА
На јавниот оглас понудувачот може да достави само еден оригинален образец (понуда), а може да аплицира за една, две, три или повеќе географски целини и региони.
Доколку понудувачот аплицира на повеќе географски целини/региони треба да достави една понуда однсоно понудите да бидат дадени на еден образец, а за секоја целина да има посебен бизнис план/програма, банкарска гаранција за учество и изјава за висината на инвестициите заверена на нотар.
V. БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА УЧЕСТВО ВО ПОСТАПКА
Банкарска гаранција за учество во постапката ќе треба да достават сите понудувачи на огласот итоа заедно со пријава.
Банкарската гаранција за учество во постапката мора да биде безусловна, неотповиклива и наплатлива на првиот писмен повик со важност од 120 дена сметано од последниот ден за поднесување пријави за учество на јавниот оглас.
Банкарската гаранција за учество треба да биде издадена од банка со седиште во Република Македонија.
Банкарската гаранција за учество во постапката на избраниот понудувач ќе му биде вратена откако ќе го потпише договорот и ќе достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот односно депозит на сметка на Буџетот на Република Македонија.
Банкарската гаранцијата за учество во постапката се наплаќа доколку:
– избраниот понудувач одбие да го потпише договорот согласно со условите од јавниот оглас или потпишувањето на договорот го условува со измени или дополнувања кои не се предвидени во огласот,
– учесникот во текот на постапката ја повлече понудата или
– избраниот понудувач не предаде банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот.
Банкарскатагаранција за учество во постапката во случај на активирање се уплатува на:
– трезорска сметка на Република Македонија;
– банка на примачот: Народна Банка на Република Македонија;
– сметка: 100000000063095;
– сметка на буџетски корисник: 630010001963019;
– приходна шифра: 725933 (Приходи од активирани банкарски гаранции).
VI.НАЧИН И ПОСТАПКА НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Изборот на најповолен понудувач во постапката по јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање, се врши врз основа на највисоко понудена годишна запупнина по хектар за целина постигната по пат на електронско јавно наддавање.
Постапката за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање може да се спроведе иако во неа земал учество и само еден понудувач и наддаде над почетната цена.
Почетниот износ на елекронското јавно наддавање е во висина на почетната цена за една целина утврдена во самиот јавен оглас.
Комисијата за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост по пат на електронско јавно наддавање во рок од три дена по истекот на рокот за поднесувањето на пријавите, по електронски пат ги известува подносителите на пријавите на јавниот оглас за комплетноста и соодветноста на пријавата согласно условите од јавниот оглас, при што на понудувачите кои доставиле комплетна и соодветна пријава им доделува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на понудувачите кои доставиле некомплетна или несоодветна пријава им доставува известување дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.
Понудувачите кои доставиле комплетна и соодветна пријава, на денот на јавното наддавање, се регистрираат на интернет страницата наведена во огласот со корисничкото име и шифрата за учество на јавното наддавање, по што имаат право да учествуваат на јавното наддавање.
Понудувачите во прилог на пријавата треба да достават и своја валидна е-маил адреса на која ќе бидат известени од страна на Комисијата за датумот и часот на почетокот на електронското јавно наддавање.
Пријавувањето на електронското јавно наддавање понудувачите го најавуваат на http://62.220.210.66:8080/auction.
Електронското јавно наддавање започнува со објавување на почетната цена по хектар на земјоделското земјиште предмет на закуп, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците во јавното наддавање.
За успешно спроведена постапка за јавно наддавање потребно е да има најмалку едно постапно наддавање не пониско од 5% од утврдената почетна цена на годишната закупнина над почетната цена по хектар.
Јавното наддавање не може да трае пократко од 15 минути. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање, од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.
Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда не пониско од 5% од последната доставена понуда.
Комисијата за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост по пат на електронско јавно наддавање по завршување на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.
Избран најповолен понудувач е лице учесник на електорнското јавно наддавање односно од приемот на известувањето за избран најповолен понудувач кој понудил последна цена и која е највисока постигната закупнина по хектар понудена на јавното електронско наддавање.
Постапката за јавно наддавање завршува по истекот на рокот за поднесување на приговор доколку не е поднесен ниту еден приговор односно до донесување на решение по приговорот доколку не е поднесена жалба против решението, а ако е поднесена жалба против решението, по правосилноста на решението.
По правосилноста на решението во рок од 30 дена министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство со избраниот најповолен понудувач склучува договор за закуп на земјоделско земјиште.
Доколку во рокот од 30 дена избраниот понудувач не го склучи договорот за закуп или не достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот односно депозит на сметка на Буџетот на Република Македонија, Министерството го склучува договорот со следниот рангиран понудувач согласно со неговата понуда. Следниот рангиран понудувач за склучување на договор се утврдува врз основа на записникот за спроведеното јавно наддавање, односно извештајот за евалуација на понудите доколку изборот на најповолен понудувач се врши без спроведување на постапка за електронско јавно наддавање изготвени од страна на надлежните комисии за давање под закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост под закуп.
Избраниот понудувач кој нема да го склучи договорот за закуп во рок од 30 дена или нема да достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот односно депозит е должен во рок од 15 дена од истекот на рокот за склучување на договорот за закуп односно рокот за доставување на банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот односно депозит на име надоместок на штета да плати износ во висина на понудената годишна закупнина независно од наплатата на банкарската гаранција за учество во постапката.
Избраниот понудувач на јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп или на јавен повик за прибирање на понуди за површина над 3 ха, по склучување на договорот во рок од 15 дена е должен да достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот или депозит на сметка на Буџетот на Република Македонија во висина на 5% од планираните инвестиции во понудата на избраниот понудувач, но не помалку од висината на деветмесечна закупнина.
Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот мора да биде безусловна, неотповиклива и наплатлива на првиот повик и изнесува 5% од планираните инвестиции во понудата на избраниот понудувач, но не помалку од висината на деветмесечна закупнина.
Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот треба да е со важност за целиот период на траење на договорот, а ќе се обновува на секои три години.
Банкарската гаранција се доставува најкасно 30 дена пред истекот на рокот за обновување.
Во случај кога со записник за извршен инспекциски надзор се утврди дека закупецот ги реализирал планираните инвестиции согласно договорот за закуп, а банкарската гаранција или депозитот се повисоки од износот на годишната закупнина, банкарската гаранција се заменува со банкарска гаранција во висина на деветмесечна закупнина или депонираните средства му се враќаат на закупецот до висина на деветмесечна закупнина.
Доколку банкарската гаранција не биде обновена во предвидениот рок преставува основ за раскинување на договорот.
Депозитот му се враќа на закупецот во рок од 30 дена по истекот на договорот за закуп под услов во целост да ги исполнил обврските од договорот. Депозитот по барање на закупецот може да биде искористен и за плаќање на закупнина во последната година од важноста на договорот за закуп под услов да ги исполнил сите останати обврски од договорот за закуп.
Депозитот се задржува како приход на Буџетот на Република Македонија во случај на раскинување на договорот за закуп поради неисполнување на обврските од договорот од страна на закупецот.
Договорот за закуп влегува во сила со денот на воведувањето во владение на закупецот врз земјоделското земјиште предмет на договорот од страна на закуподавачот и тоа само за површините за кои е воведен во фактичка власт. Земјоделското земјиште предмет на договор за закуп кое нема да биде ставено во владение на закупецот во рок од една година од денот на склучувањето на договорот, може да биде предмет на нови постапки предвидени согласно со овој закон за давање на земјоделското земјиште во државна соспвеност во закуп или плодоуживање.
Најповолниот понудувач со кој се склучува договорот за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост е должен закупнината да ја плаќа до 31 јули во тековната година за претходната година, сметано од денот на записничкото воведување во владение на земјоделското земјиште предмет на договорот.
За земјоделското земјиште во државна сопственост кое по пат на јавен оглас или јавен повик ќе се додели во закуп на физичко лице на возраст до 40 години или на трговско друштво со управител или извршен директор на возраст до 40 години, обврската за плаќање на закупнина од страна на закупецот настапува три години по влегувањето во сила на договорот за закуп.
Доколку трговското друштво во периодот до три години по влегувањето во сила на договорот за закуп го промени управителот или извршниот директор со лице на возраст над 40 години, обврската за плаќање на закупнина ќе се смета дека настапила од денот на влегувањето во сила на договорот за закуп.
VII. ПОЧЕТНА ЦЕНА
Почетната цена по хектар во постапка по овој јавен оглас се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето.Почетната цена за земјоделското земјиште од:
- I и II катастарска класа изнесува 120 Евра,
- III и IV катастарска класа изнесува 90 Евра,
- V и VI катастарска класа изнесува 60 Евра и
- VII и VIII катастарска класа изнесува 30 Евра, во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата.
Доколку земјоделското земјиште се наоѓа над 1.000 метри надморска височина почетната цена на закупнината за земјоделското земјиште од:
- I и II катастарска класа изнесува 60 Евра,
- III и IV катастарска класа изнесува 45 Евра,
- V и VI катастарска класа изнесува 30 Евра и
- VII и VIII катастарска класа изнесува 15 Евра во денарска противвредност посреден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата.
Доколку предмет на јавен оглас е блок со природни граници формиран од повеќе катастарски парцели со различна катастарска класа или географска целина составена од повеќе блокови со природни граници, се утврдува просечна почетна цена по хектар сразмерно на површината на катастарските парцели со различна катастарска класа кои го сочинуваат блокот со природни граници, односно географска целина составена од повеќе блокови со природни граници.
VIII.ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА
Образецот за учество на јавниот оглас (понуда), може да се подигне во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Подрачните единици на Министерството и од веб страната на Министертвото, истиот мора да се пополни со сите потребни податоци и да се достави со потребната документација во затворениот коверт, во спротивно понудата нема да биде разгледувана.
Понудата и другата потребна документација се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката „не отварај„ „Понуда по Јавен оглас бр.02/21 за земјоделско земјиште под закуп за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање во регион (се впишува регионот) и во средина„Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Аминта Трети бр.2 Скопје” во рок од 20 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во „Службен весник на Република Македонија“.
Ковертот не треба да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува понудувачот, односно испраќачот.
IX. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: 02 313 44 77 или да ја посетат веб страницата на Министерството www.mzsv.gov.mk