Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Tuesday, March 19, 2024

More
    домаАгро ВестиВо САД, за незаконска сеча можете до година затвор

    Во САД, за незаконска сеча можете до година затвор

    petel baner

    Американец беше осуден на една година затвор за незаконска сеча и кражба на стари дабови. Тие датирале уште од битките на Граѓанската војна (1861-1865) во близина на границата Џорџија-Тенеси.

    Чувар во Националниот воен парк Чикамога-Чатанога во Форт Оглторп, Џорџија, пријавил исчезнати дрвја во септември.

    Agrobot

    Стражарот „забележал нелегален пат“ и докази за влечење дрвја од шумата до паркингот. Пронашол трупци на десетина исечени дрвја, вклучително и неколку стари дабови.

    Биле поставени камери и неколку дена подоцна снимиле човек како доаѓа по дрвјата. Потоа се распрашувал меѓу жителите во областа и пиланата во Алабама, специјализирана за дабови дрва. Истѕрагата довела до извесен Џејмс Дарен Скот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    53-годишникот бил обвинет за незаконска сеча и кражба само по шестмесечна истрага. Бил уапсен и прифатил договор за признавање на вина со казна од 11 месеци и 29 дена затвор.

    Специјалист воа Министерството за внатрешни работи на САД ја проценил штетата на паркот на околу 60 000 американски долари. Но, надлежните од паркот рекле дека исечените дрвја стари повеќе од 100 години се непроценливи.

    незаконска сеча

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img