Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More
    домаАгро ВестиЕколошка пролет во Босилово

    Еколошка пролет во Босилово

    petel baner

    Еколошка пролет во Босилово одлична еколошка кампања.

    Општина Босилово денеска започна со реализација на  една креативна и интересна кампања насловена како „Еколошка пролет во Босилово!“ 

    Кампањата ќе се реализира во наредните два месеци и ќе опфати повеќе активности и настани.

    Она што посебно е интересно е тоа што Општина Босилово денес ќе врши дистрибуција на овошни садници во замена за пластични шишиња.

    „Акцијата ќе се одвива од порта на порта. Ќе го посетиме секој дом и на секој граѓанин ќе му биде понудена можност за замена на пластични садови (ПЕТ пластика) со овошни садници.

    Agrobot

    Целта е да ја намалиме количината на пластичен отпад во општината, но во исто време да испратиме порака до граѓаните дека пластиката има употребна вредност. 

    Пластиката треба да се селектира и да се депонира односно транспортира на соодветно место“ – истакна Ристо Манчев, градоначалник на општина Босилово.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Одлична еколошка кампања ем се трга пластиката ем се садат нови дрвца. Ја поздравуваме оваа акција и апелираме и другите градоначалници слободно нека препишуваат 🙂

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img