Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаАгро ВестиРастат цените на млекото на светскиот пазар

    Растат цените на млекото на светскиот пазар

    petel baner

    Русија и Украина се меѓу главните добавувачи на вештачки ѓубрива и житни култури потребни за обезбедување храна на добитокот. Со прекинот на увозот од оваа област, производителите се најдоа во неволја.

    Растат цените на млекото во светот поради конфликтот во Украина и нарушувањето на синџирот на снабдување. Цените на полномасното млеко во прав и безводните млечни масти се зголемени.

    Цената на безводната млечна маст (путер, која содржи 99,8 мм) достигна рекордни 7.111 долари за тон на 15 март, додека цената на полномасното млеко во прав достигна највисоко осумгодишно ниво.

    Растат цените

    Нов Зеланд забележа пад на производството

    Русија и Украина се меѓу главните добавувачи на вештачки ѓубрива и житни култури потребни за обезбедување храна на добитокот. Со прекинот на увозот од оваа област, производителите се најдоа во неволја.

    Нов Зеланд учествува со околу 35 отсто од светската продажба на млеко, но тие забележаа шест отсто пад на производството во однос на претходната година.

    „Конфликтот во Украина дополнително ја влоши ситуацијата предизвикана од пандемијата „Ковид-19“, влијаејќи на глобалните синџири на снабдување, цените на нафтата и снабдувањето со жито“, рече Мајлс Хурел, извршен директор на новозеландската „Фонтера“, најголемиот светски извозник на млеко. 

    Повисоки трошоци за добиточна храна

    Забележано е дека зголемувањето на цената на добиточната храна е голем проблем за млекарниците, бидејќи тоа зафаќа од 70 до 80 отсто од трошоците. Во комбинација со други негативни фактори, ова веќе доведе до проблеми за петте најголеми светски извозници.

    Agrobot

    Производителите стравуваат дека уште повеќе ќе растат цените на суровото млеко, кое е еден од главните производи на прехранбената индустрија ширум светот.

    Жулиен Денорманди , францускиот министер за земјоделство, рече дека конфликтот може да доведе до криза со храна на глобално ниво.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Растат цените на млекото

    Најсиромашните најпогодени

    Најпогодени ќе бидат најсиромашните. Домаќинствата во земјите со ниски приходи трошат речиси половина од буџетот за храна. Посебно ќе бидат погодени земјите од Блискиот Исток и Северна Африка кои набавуваа житарки и друга стока од Русија и Украина.

    Во Либан во 2020 година, повеќе од 80 отсто од пченицата беше увезена од Украина. Либија задоволуваше 40 отсто од потребите за пченица со увоз од оваа земја. Ништо подобра не е ситуацијата во Египет, каде 80 отсто од пченицата доаѓа од Русија и Украина.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img