Месо во тегла – сигурно сте слушнале за ова но бидејќи се повеќе се забораваат некои работи а и доаѓаат чудни времиња (ќе снема струја) еве да се потсетиме како се зачувува месо без фрижидер.
Ако некогаш сте го пробале сигурно знаете дека вкусот е прекрасен а ако не сте пробале еве ви упатство како можете сами да си направите и да си уживате во овој специјалитет.
Кој не јаде свинско може да се направи истото и со говедско месо.
Станува збор за стар начин на конзервирање на месо.
Состојки за 8 тегли:
2 кг свински бут
2 кг свинска плешка
800 грама сланина (по 100 грама во тегла)
ловоров лист
црн бибер во зрна
Еве го тајниот начин на подготовка:
Месо во тегла
Месото исечкајте го на еднакви коцки. Сланината се сецка колку можете поситно. Врз месото се додава сол и се замешува со раце во поголем сад.
Месото се додава во празните тегли и се натискува што е можно повеќе за да нема воздух и празен простор.
На врвот на секоја тегла додадете сечкана сланина и притиснете за да има празен простор помеѓу сланината и капакот од теглата.
Стиснете ги силно капачињата од теглите.
Се зема поголемо тенџере шерпа и се полни со вода најчесто е она за пржење ајвар и на дното се ставаат неколку кујнски крпи.
Теглите исто така се виткаат со крпи или со хартија и се додаваат во тенџерето.
Вака се виткаат теглите за да не се удрат една со друга и да не пукнат или да се скршат.
Тенџерето се дополнува со вода до врвот на капачињата и почнете со загревање на водата. Откако ќе зоврие водата варете ги теглите уште 2,5 до 3 часа. Внимавајте бидејќи водата испарува брзо од тенџерето ќе мора да дополнувате со врела зовриена вода.
Кога ќе се заврши со вриењето после 3 часа тенџерето се трга од оган и се остава да се олади самото до собна температура.
Месото е сочно меко и се топи во уста
Самото месо си ги испушта своите сокови во кои се вари и не се додава внатре вода и соковите се претвараат во желатин. Сите храниливи состојки остануваат внатре во теглата.
На кое јадење и да го додадете ова месо ќе биде врвен специјалитет.
За гулаш , за манџа, за пржење со праз, везени пиперки кромид …. само така извадено од тегла ма како и да го јадете нема повкусно.
Нашата мисија е да ги споделуваме овие работи и да ги зачуваме од заборав.
Порано нашите мајки и баби имаа тетратки со рецепти но бидејќи сега се е на интернет еве нека ги има овде на земјоделие.мк.
Машка зимница
Со ова мезе најмногу оди ….
Jovica Kukunovski Kukun ни ја испрати оваа прекрасна фотографија.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.