Охридско макало – не си бил во Охрид ако не си јадел Охридско макало
Знаете како викаат за тие што не се од Скопје не си бил во Скопје ако не си јадел сендвич од 7 ца или СЕДУМКА 🙂
Ова е рецепт кој што покрај настинките ги брка лошите духови, малери, а богами ги брка и сите луѓе освен тие што МНОГУ МНОГУ ве сакаат.
Него да не должиме еве ја тајната што долго време охриѓани вешто го чуваа исто како штипјаните што го чуваат рецептот за пастрмајлија.
Но ние сме позната нација по шпиуни на еден војвода 3 ца шпиуни 🙂
Па затоа еве го рецептот:
Потребни состојки:
- главица лук или неколку главици лук зависно колкава количина правите
- вински оцет
- путер (зејтин)
- сол
Чекори за подготовка:
- Чистите цела главица лук или повеќе главици лук.
- Сите чешниња ќе ги ставите во блендер со малку вински оцет.
- Изблендајте додека не добиете изедначена смеса.
- Путер растопите на страна, нека биде поголема количина. Да речеме 100гр. Ако постите може зејтин.
- Додавате малку сол и блендате без престан додека капка по капка го додавате растопениот путер. За поевтина варијанта наместо путер додавајте зејтин. Тајната е во тоа, капка по капка. Исто како што се прави мајонез, за да се добие оној убав волумен и густина.
- Најважен чекор е пред да седнете да го јадете набавете си МНОГУ АМА МНОГУ леб.
Совет:
Ако сте сингл и ако немате партнер највероватно и во наредните дена нема да си фатите дечко или девојка!
А ако имате партнер во наредните неколку дена ќе бидете раат и нема да ви се доближува 🙂
И за крај можда е ова охридско макало ама во СТРУГА Е НАЈВКУСНО (РАДОЖДА) 🙂
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.