Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

10.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

More
    домаАгро советиЗеленчук кој се самообновува

    Зеленчук кој се самообновува

    petel baner

    Зеленчукот има способност да се самообновува, а има 2 вида: оној што може да расте од остатоците и оној чии листови можете да ги исечете и тие повторно ќе пораснат. Еве за што се работи.

    Градината полна со зеленчук е вистинско богатство, но не секој може да ја има. Сепак, има многу градинарски култури кои можат да растат на терасата или во куќата. Покрај тоа, постои зеленчук кој се самообновува.

    Otkup na kompiri

    Пробајте оваа година со некој од зеленчуците што ќе ги наведеме подолу во статијата. Неговата тајна е дека тој повторно ќе никне од деловите што инаку би ги фрлиле. Потребно е многу малку простор, а вие ќе присуствувате на вистинско мало чудо на регенерација на растенијата. На еден зеленчук му треба само вода, додека на друг му е потребна почва. Сè брзо ќе се обнови и ќе ви даде нов зеленчук за јадење за само неколку недели.

    Вториот вид на самообновливи растенија се главно зелените, односно лиснатиот зеленчук, но и некои други видови. Специфично за нив е тоа што можете да им ги исечете листовите, па тие повторно ќе пораснат. Се разбира, постои техника за тоа.

    Потребно е да се исечат најстарите листови, но додека се млади. Наместо да чекате да ја достигнат својата целосна големина, започнете со бербата кога листовите се високи околу 10 сантиметри. На овој начин растението не влегува во фаза на созревање и развој на семето. Исто така, оваа техника спречува листовите да станат горчливи. Како што ја продолжувате жетвата, ќе ви требаат помалку растенија и нема да морате постојано да ги садите.

    Се разбира, ниту едно растение не живее вечно и ќе дојде време кога зеленилото ќе се исцрпи, но треба да добиете барем неколку месеци жетва пред тоа да се случи.

    Кој зеленчук може самостојно да се обнови?

    Марула

    Повеќето видови зелена салата се самообновливи, односно нивните листови можете да ги исечкате според постапката опишана погоре. Важно е да се исечат надворешните листови.
    Забелешка: Истото важи и за руколата.

    Блитва

    Листовите блитва се сечат на висина од околу 5 см од основата. По околу 2 недели, повторно ќе имате нови листови.

    Пролетен млад кромид и праз

    Овој трик ќе го користите постојано. Исечете ги перцата од кромидот за да ја подготвите салатата и оставете неколку мали кромидчиња во чаша вода. За многу кратко време тие ќе почнат да се вкоренуваат и ќе можете да ги засадите во земја. На ист начин и празот повторно ќе порасне, а вие пак ќе имате перца за јадење. Веројатно не сте знаеле, но перцата (зелените листови) имаат двојно повеќе хранливи материи од главите.

    Младиот кромид е зеленчук кој се самообновува

    Зеленилото од морковот

    Врвовите на морковите најчесто се сечат и фрлаат, но подебелиот врв има способност да регенерира зеленило. Соберете неколку парчиња и ставете ги во сад со вода, за исечениот дел да биде во водата. За две недели ќе видите нов раст и нови корени. По 4 недели можете да ги засадите во земја.

    agrounik

    Нема да го добиете целиот морков, туку зелениот. Може да се користи на ист начин како и со јаглика. Со зеленилото од морковот може да се направи песто, можете да го додадете во домашни сосови, како зачин или декорација за супа.

    Целер

    Целерот е вистинско чудо, кога станува збор за обнова од остатоци. Само отсечете го дното на стебленцето и ставете го во чаша вода. Новиот изданок ќе се појави за само неколку дена. Кога ќе се формираат корените, тогаш можете да го засадите во земја. Од останатите ќе израсне нов целер и ќе ви даде ново растение.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сега кога знаете како функционира самообновувањето, обидете се да одгледувате друг зеленчук што ги има истите способности:

    • Брокула (ќе израснат нови изданоци, но главиците ќе бидат значително помали).
    • Кељ – лесно расте, без разлика што ги отсекувате надворешните листови, исто како и зелената салата.
    • Спанаќ – уште еден лиснат зеленчук кој повторно расте брзо. Се разбира, се сечат само надворешните листови.
    • Цикорија – исечете неколку листови за вашата салата, а растението ќе продолжи да расте.
    • Магдонос – бидејќи е двогодишно растение, магдоносот нема што друго да прави во текот на првата година од својот живот, освен да развие што повеќе листови. Исецкајте го малку и ќе видите како постојано се обновува.

    Се разбира, ова не е се, но дефинитивно е доволно да се проба, а подоцна можете да направите и да ја проширите листата на омилени зеленчук кој се самообновува.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img