Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

8.8 C
Skopje
Tuesday, December 6, 2022

More
    домаситеМед со цимет - помага при многу проблеми

    Мед со цимет – помага при многу проблеми

    Мед со цимет – Комбинација која се користи со векови во древните традиционални кинески лековити системи. Две состојки со уникатни лековити својства кои имаат долга историја како „домашен лек“.

    Циметот е еден од најстарите зачини познати на човештвото, а популарноста на медот не опаѓа низ историјата.

    Етеричното масло од цимет и ензимот кој произведува водороден пероксид, кој се наоѓа во медот, ги квалификува овие две „антимикробни“ намирници со способност да го запрат растот на бактериите и габите.

    Тие се користат не само за збогатување на вкусот на пијалоците и лековите, туку и како алтернатива на традиционалните конзерванси поради нивните ефективни антимикробни својства.

    Познато е дека мед со цимет е здрава комбинација, но дали знаете за што е добар?

    Срцева болест

    Направете паста од мед и цимет во прав. Наместо џем, намачкајте го на леб и појадувајте го редовно. Ова ќе го намали нивото на холестерол во артериите и ќе спречи срцев удар.

    Артритис

    Во чаша топла вода измешајте две лажици мед и една кафена лажичка цимет во прав. Пијте го наутро и навечер. Дури и хроничниот артритис може да се излечи со редовно консумирање.

    Инфекции на жолчното кесе

    Во чаша млака вода измешајте две лажици цимет во прав и една кафена лажичка мед. Пијте го секој ден. Ова ќе ги уништи бактериите во жолчното кесе.

    Холестерол

    Измешајте две лажици мед и три лажички цимет во голема шолја чај. Кога ќе го пиете, нивото на холестерол ќе ви се намали за 10% во рок од два часа.

    Настинка

    Ако страдате од настинка, земете една лажица мед со ¼ лажица цимет. Земете го три дена по ред. Ова ќе ја реши настинката, хроничната кашлица и конгестија на синусите.

    Болки во стомакот

    Медот во комбинација со цимет ќе ја излечи стомачната болка. Редовно земајте го за да се искорени чир на желудникот.

    Имунолошки систем

    Секојдневното консумирање мед и цимет во прав го зајакнува имунитетот и го штити организмот од бактерии и вируси.

    Грип

    Медот содржи природни состојки кои убиваат вируси и штитат од грип.

    Неплодност

    Илјадници години Грците верувале дека две лажици мед секој ден пред спиење можат да излечат неплодност кај мажите. Во Кина, Јапонија и на Далечниот Исток, се верува дека на жените им треба прстофат цимет измешан со половина лажичка мед, намачкан во непцата неколку пати на ден. Смесата се апсорбира и влегува во телото преку плунката и ја третира неплодноста кај жените.

    Губење на тежина

    Во чаша вода сварете мед и цимет во прав. Пијте го секое утро на празен стомак половина час пред појадок. Со редовно консумирање помага да се симнат вишокот килограми.

    Мед со цимет

    Лош здив

    Јужноамериканците секое утро ја исплакнуваат устата со топла вода, помешана со една кафена лажичка мед и цимет. Ова им помага да ја задржат свежината на здивот во текот на денот.

    Акни

    Измешајте мед со цимет во прав и нанесете ја пастата на акните пред спиење и исплакнете следното утро.

    Убод од инсекти

    Измешајте една лажица мед и две лажици млака вода. Додадете една кафена лажичка цимет во прав, направете смеса и измасирајте ги прободените делови. Докажано е дека болката се намалува за две минути.

    Губење на косата

    Оние кои страдаат од губење на косата или ќелавост треба да измешаат една лажица маслиново масло, една лажица мед и една лажичка цимет во прав. Нанесете ја смесата на скалпот и држете 15 минути, а потоа измијте ја косата. Оваа смеса наводно е ефикасна дури и кога се чува на скалпот само 5 минути.

    Забоболка

    Направете мешавина од една лажичка цимет во прав и пет лажички мед. Ставете го на заб што ве боли. Можете да го примените ова три пати на ден.

    Варење

    Измешајте цимет во прав со две лажици мед и изедете пред јадење. Така ќе можете да ги сварите и најтешките оброци.

    Долговечност

    Се верува дека секојдневното консумирање чај со мед и цимет може да го продолжи животот. Измешајте 4 лажици мед, 1 лажица цимет во прав и 3 шолји вода, сварете и направете чај. Пијте 1/4 чаша, 3 до 4 пати на ден. Кожата ќе ви биде мека и свежа, а ќе го одложите создавањето на брчките.

    Инфекции на кожата

    Измешајте мед и цимет, нанесете ја смесата на деловите од кожата погодени од инфекција, држете ја на кожата околу 30 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

    Замор

    Измешајте половина лажичка мед и половина лажичка цимет во чаша вода. Пијте попладне кога најчесто се чувствувате уморни. Секојдневното консумирање на овој пијалок ќе ја зголеми виталноста во рок од 7 дена.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img