Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаситеКефир или јогурт - Што е поздраво?

    Кефир или јогурт – Што е поздраво?

    petel baner

    Јогуртот го пиеме пред се поради неговиот прекрасен вкус и фактот што создава вистинска магија во комбинација со пециво или семки и овошје во здрав појадок. Сепак, познат е и како вистински мелем за органите за варење, благодарение на неговото пробиотско дејство. Но, кефир или јогурт – што е поздраво?

    Во последниве години, кефирот се заканува дека да му ја украде популарноста, како поради неговиот вкус, така и поради фактот што го фалат на секој чекор. Дали јогуртот го заслужува ова? Дали кефирот е навистина поздрав или само толку сме навикнати на јогурт што не го фалиме како порано?

    Која е разликата помеѓу кефир и јогурт?

    И двата пијалоци се создаваат со природниот процес на ферментација на млекото со помош на бактерии, односно претворање на лактоза во млечна киселина. Додека кефирот се добива од мезофилни култури, односно на собна температура. Јогуртот може да се направи од два вида култури: и мезофилни и термофилни. Првите ферментираат во нормални температурни услови. Додека пак термофилни се оние за кои е потребно посебно загревање, односно температура од 42 до 45 степени.

    Како се направени?

    Кефирот е направен од самообновувачки култури: кефир и зрна кефир во прав. Станува збор за желатинозна маса составена од многу видови бактерии и габи. Кефирот се формира само со спуштање на зрната кефир и зрната во прав во млеко. Потребно е на секои 24 часа да се вадат и ставаат зрната во свежото млеко кое подоцна ферментира.

    Јогуртот се прави на два начина – едниот со мешање на постоечкиот јогурт со млеко и оставање да отстои. Вториот со помош на термофилни стартер бактерии во форма на прав.
    Што се однесува до вкусот, кефирот е малку покисел, а и двата се многу, многу здрави.

    Agrobot

    Зошто да ги пиете?

    Ферментираната храна и пијалоци се богати со пробиотици, бактерии кои ја подобруваат состојбата на нормалната бактериска флора и позитивно влијаат на општото здравје на безброј начини. Затоа, пожелно е да се пие јогурт и кефир, кои се формираат со ферментација.

    Кефир или јогурт

    Што е поздраво – кефир или јогурт?

    Сепак, истражувањата покажаа дека кефирот е покорисен бидејќи содржи повеќе микроорганизми кои благотворно делуваат на здравјето на цревата. Покрај тоа, овие бактерии и соеви на бактерии се поразновидни – студија објавена во 2016 година во научното списание Frontiers in Microbiology покажа дека зрната кефир имаат 61 вид на бактерии и габи.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Од друга страна, типичната култура што се користи за правење јогурт има четири до шест видови бактерии, но многу производители додаваат некои видови бактерии како што се Lactobacillus acidophilus, Bifidus regularis и Lactobacillus casei.

    Причината за тоа е што кефирот ферментира многу подолго од јогуртот, па има повеќе време да развие побујна популација на бактерии.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img