Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Thursday, December 5, 2024

More
    домаситеМлеко од семе од коноп кое можете сами да го направите

    Млеко од семе од коноп кое можете сами да го направите

    petel baner

    Во последните неколку години, популарноста на не-млечните производи значително се зголеми поради зголемениот број на луѓе со развиена нетолеранција на лактоза. Во продолжение зборуваме за млеко од семе од коноп.

    Дали некогаш сте помислиле дека од коноп може да се направи лековито млеко кое лечи воспаленија и избегнува алергени? Тоа може да се направи и на повеќе од едноставен начин. Како што стануваме се повеќе свесни кога станува збор за здравјето, откриваме дека кравјото млеко не е најважната храна за нашето тело, како што некогаш се мислеше. Се испостави дека зелениот лиснат зеленчук и сусамот се доста ефикасни во апсорпцијата на калциумот.

    Otkup na kompiri

    Замените што може да се најдат во продавниците како кокосово или бадемово млеко се достапни и удобни, но исто како и сите други индустриски обработени намирници, тие содржат адитиви кои го спречуваат производот да се расипува и ја одржуваат конзистентноста. Најголем виновник е карагенан, кој се користи за згуснување и емулгирање, а познато е дека предизвикува воспаление и проблеми во дигестивниот тракт и влијае на нивото на гликоза и дејството на инсулинот.

    За да го избегнете сето ова, наша препорака е сами да си направите млеко од јаткасти плодови или семки. Бадемовото млеко секако е едно од најупотребуваните млека, но во никој случај не е погодно за оние кои се алергични на јаткасти плодови. Поради оваа причина, ви пренесуваме рецепт за кремасто и малку слатко млеко од семе од коноп.

    Како млекото од коноп влијае на нашето здравје:

    – Лесно се вари

    – Има антиинфламаторно дејство и ја подобрува циркулацијата на крвта

    – Ги чува коските и забите

    – Ги штити срцето и крвните садови

    – Дава енергија и издржливост

    – Ја одржува нормалната мускулна функција

    – Содржи есенцијални масни киселини во рамнотежа која е идеална за луѓето

    Потребни состојки:

    – 1 чаша семе од коноп

    – 3 чаши вода

    agrounik

    – 2-3 лажички мед (или друг засладувач)

    – ванила и цимет (по избор)

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат додека се соединат. Добиеното млеко по желба можете да го процедите низ густа газа за да ги извадите сите парчиња. Вака подготвеното млеко можете да го чувате во фрижидер најмногу три дена. Ова е основниот рецепт, а по желба можете да додадете повеќе вода, зачини или засладувачи. Додадете морско оревче или кардамон, а можете да користите урми наместо јаворов сируп или мед.

    Нутритивни вредности на една чаша млеко од семе од коноп

    – Калории 247
    – Калории од масти 156
    – Масти 17 g
    – Заситени масти 2 g
    – Транс масти 0 g
    – Холестерол 0 g
    – Натриум 8 mg
    – Јаглехидрати 9 g
    – Диететски влакна 4 g
    – Шеќер 5 g
    – Протеини 13 g

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img