домаАгро ВестиТримесечно теле достигна цена од 70.300 евра

Тримесечно теле достигна цена од 70.300 евра

Pneumatik baner

Женското теле Талика беше најголемиот фаворит на аукцијата на Rinder Allianz заради тоа што ја носи генетиката на бикот Форман. Тој моментално е бик број 1 на германската топ листа. Ова тримесечно теле на аукцијата достигна цена од неверојатни 70.300 евра.

Традиционалната аукција „Sunrise Sale“, која беше спроведена преку пренос во живо на YouTube поради ситуацијата со короната, постигна сензационална продажба, објави организаторот Rinder Allianz , германска сточарска компанија со фокус на производство и продажба на сперма, услуги за оплодување и друго. 

Семенарна хоризонтален банер

Телето од расата Холштајн, кое нема ниту полни три месеци, е продадено за неверојатни 70.300 евра. Продажбата е голем успех за сточарската компанија Uckermark Agrarprodukte Dedelow GmbH, нагласува организаторот. 

Тигар лого гиф
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Станува збор за женско теле Talika P RDC кое беше најголем фаворит на аукцијата бидејќи ја носи генетиката на бикот Форман, кој моментално е еден од биковите број 1 на германската топ листа.

Просечниот приход по грло е 9.300 евра

Покрај Талика, на аукцијата беа понудени и 44 млади говеда од најдобра генетика. Втората највисока цена од 35.500 евра ја достигна телето Im funny, а третата од 20.600, телето Лима. 

petel baner

Исклучителната понуда привлече не само понудувачи од Германија, туку и од други земји како Данска, Франција, Шпанија, Италија, Холандија, Швајцарија, Северна Ирска, Австрија и Белгија. На аукцијата учествуваа 2.300 луѓе ширум светот. 

Просечниот приход по грло е 9.300 евра , што е зголемување за 1.100 евра во однос на претходната година. 

За повеќе корисни стории посетете ги рубриките агро вести и агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img