Сточен пазар Скопје 05.04.2022 година.
Добар ден Земјоделци,
Знаеме дека знаете но сепак еве да ве потсетиме дека и во Скопје главниот град на Македонија има рурално катче.
Сточниот пазр во Скопје е место каде што ќе најдете се и сешто а богами и ќе се сретнете со многу други Земјоделци.
Можете да ги видите цените на живиот добиток, да си купите разни земјоделски производи, добиточна храна, да се напиете топол чај или кафе, да каснете вкусен сендвич и да си помуабетите со другите Земјоделци од овој реон.
Во продолжение ќе ви објавиме неколку фотографии од денешната посета:
Сточен пазар Скопје – 05.04.2022 година
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.