Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

21.8 C
Skopje
Tuesday, July 5, 2022

More
    домаАгро советиКако да препознаете и спречите пневмонија кај говедата?

    Како да препознаете и спречите пневмонија кај говедата?

    Постојат голем број на фактори кои можат да влијаат на болеста на респираторниот тракт. Вирусна пневмонија кај говедата во тешки форми, може да доведе до смрт на грлото. За да се спречи смртта, многу е важно да се знае како да се препознаат симптомите и кои мерки треба да се преземат.

    Вирусна пневмонија може да се појави кај телиња стари 3-6 месеци, говеда и возрасен добиток. Најчести причинители се аденовирусите, параинфлуенца-3 вирусот и вирусот на инфективниот бовинов ринотрахеит.

    Симптоми

    Без разлика на типот на вирусот, клиничката слика на вирусната пневмонија кај говедата е слична и се карактеризира со покачена телесна температура, серозен мукозен исцедок од носот и усната шуплина, кој подоцна може да биде гноен. Кашлицата е еден од симптомите на болеста што може да се појави кај заразените грла. Поради продолжување на секундарните бактериски инфекции, симптомите на болеста може да се интензивираат и да доведат до смрт.

    Дијагноза

    Дијагнозата се поставува врз основа на анамнеза, клиничка слика, а идентификацијата на причината бара лабораториски испитувања.

    Не е потребна терапија за некомплицирана вирусна пневмонија, додека антибиотска терапија е потребна за секундарни бактериски инфекции. Во случаите со тешка општа состојба, потребна е помошна терапија, гликоза со физиолошки раствор и витаминско-минерален третман истовремено.

    Изолирајте ги болните животни и обезбедете им добри услови за сместување и исхрана.

    пневмонија кај говедата
    Пневмонија кај говедата

    Заштита од болести

    Профилаксата се заснова на сузбивање на дејството на одредени групи на етиолошки фактори. Важно е телињата и јуниците да пристигнат во објектот за гоење со добро здравје, за да се овозможи поволен процес на адаптација на условите во новата средина и да се намалат нивните стресни фактори.

    Просториите во кои ќе бидат сместени животните треба да се исчистат, дезинфицираат и потоа да се полнат истовремено со грла од иста возраст и категорија . Доколку се собираат телиња од различни земји за гоење, без превземени здравствени мерки, при изборот треба да се внимава таквите грла да се задржат во одгледувачницата до 15 дена пред да влезат во областа за товење, а најдобро е тогаш да се вакцинираат .

    При вакцинирање на млади под 6 месеци се препорачува ревакцинација за да се постигне имунитет на подолг период.

    Доколку се појави болеста, веднаш направете клинички преглед на сите животни и одделете ги болните од здравите. Просториите во кои престојувале болни и сомнителни животни треба веднаш да се дезинфицираат. Откако ќе заврши товењето, пожелно е објектот да се испразни , темелно да се исчисти и дезинфицира за следната смена.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Шест видови на овошје и зеленчук кои сигурно даваат плодови
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Рецепт за полжави
    spot_img
    spot_img
    spot_img