Како да извадите крлеж еве неколку совети за отстранување на крлежи бидејќи во периодот што доаѓа се почесто ќе се среќаваме со овој инсект.
Постапка во случај на убод од крлеж – кога веќе се прицврстил за кожата
1. Ако сте забележале крлеж на кожата важно е да го отстраните што поскоро – ризикот од инфекции е поголем колку е крлежот подолго прицврстен. Крлежот полесно е да се отстрани во првите неколку часови по убодот.
2. Ако крлежот се прицврствил веднаш извадете го со пинцета, (препорачливо е претходно да се измијат рацете, а пинцетата да се пребрише со антисептик) зафаќајќи го што поблиску до главата, уз кожата и со лесно повлекување без непотребни манипулации да се извлече од кожата.
Немојте крлежот со ништо да го премачкувате – крема, уље, масло, алкохол, лак за нокти, петролеј и сл. Или “да се гори“ со огин и не го повлекувајте нагло, не стискајте, ниту не го нагмечувајте крлежот, бидејќи со тоа предизвикувате негово згрчување и зголемено излачување во човековото тело на поголеми количини на причинителот на болестите, при што полесно се пренесува заразата ако е заразен.
3. По остранувањето на крлежот препорачливо е местото на убод да се дезинфицира – да се премачка со антисептик.
4. Извадениот крлеж по можност ставетего во кутиче или вреќичка и фрлете го во ѓубре.
5. Кај лекар информирајте се за болестите кои може да ги пренесуваат крлежите и за начинот на заштита.
Ако ги забележите симптомите јавете му се на лекарот или ако црвенилото и раничката на место на убодот не пројде после 3 денови (црвенило од иритација убодот проаѓа за 1-3 денови).
6. Ако никако не можете да го извадите крлежот, одете на лекар.
Ако на себе сте забележале крлеж – не паничете !
И во подрачјата кои се природни жаришта на болести кои ги пренесуваат крлежите, не се заразени сите крлежи.
Поради тоа, мал е статистичкиот ризик од зараза при убод од крлеж. Опасноста се зголемува со повеќекратно и зачестено изложување на убоди од крлежи.
Поради тоа важно е да се знае како да се заштите.Ако при вадењето на крлежот неговата глава остане во кожата – не паничете.
Чим телото е одвоено од главата оневозможен е пренос на заразата; можете да се обидете внимателно да ја извадите со игла (да се внимава на дезинфекција на постапката!), но вашиот организам после одредено време главата како страно тело самиот ќе ја отфрли.
За дополнителни прашање и совети во врска со заштитата и вакцинирањето консултирајте се со лекар.
Што мислите за овој трик против крлежи? Со леплива трака. Верувајте ефикасно е.
Поздрав Земјоделци.
Само Рурално.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.