Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

8.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро советиРегенеративно земјоделство - што претставува?

    Регенеративно земјоделство – што претставува?

    petel baner

    Храната што се одгледува преку регенеративно земјоделство е поздрава и има поголема хранлива вредност од храната од традиционалното земјоделство, според студијата спроведена на Универзитетот во Вашингтон.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Регенеративно земјоделство е релативно нов начин на одгледување на култури што го одржува здравјето на почвата и нејзиниот капацитет да го задржува јаглеродот. Фокусот му е најмногу на земјоделското земјиште, но и на рециклирање што е можно повеќе земјоделски отпад и додавање компостиран материјал. Преку специфични процедури кои се изведуваат во соодветно време од годината, регенеративното земјоделство ја зголемува биолошката разновидност, плодноста на почвата, циркулацијата на водата и ги подобрува потенцијалите на екосистемот.

    Покрај тоа, според најновата американска студија, обезбедува храна која содржи повеќе витамини, минерали и фитохемикалии. Здраво е за конзумирање, но може да има голема употреба и во сточарството. Имено, доколку оваа храна се дава на говеда и свињи, нивното месо ќе содржи значително поголеми количества на омега-3 масти од говедата хранета со класично одгледана храна.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img