Берба на јагоди во Англија.
Веќе неколку години неколку агенции за посредување за работа организираат работници од Макеоднија да работат на фармите низ Европа.
Многу Земјоделци одлучуваат своите ниви да ги остават и да не ги работат бидејќи не им се исплати да ги обработуваат и да заминат по светот да работат на туѓи ниви како наемни работници.
Во разговор со еден од Земјоделците ни кажа дека многу Земјоделци од Македонија а и од цел Балкан може да се сретнат по нивите низ западна Европа а сега и во Англија.
Нашиот соговорник бил во Англија и оваа година планира да оди пак. Вели дека условите се добри и платата солидна.
Во нивите во Англија заработката се движела околу 8-9 фунти на час.
Работното време било од 6 -14 часа на ден кој колку сака и колку може.
Овој наш Земјоделец вели дека газдите во Европа многу ги ценеле вработените од Балканот бидејќи биле вредни и одговорни како и дека веќе им доаѓале квалификувани земјоделци кои што знаеле да возат земјоделски машини.
Берба на јагоди во Англија – причина за уште еден егзодус од селата во Макеоднија
За 6 месеци вели дека може да се заработи околу 10 000 евра на плантажите во Англија.
Сместувањето било културно во соби од по 6 до 10 луѓе.
За сместување се плаќало од 35 до 65 фунти неделно зависно од тоа каков е смештајот и на која плантажа си сместен.
Овој соговорник ни вели дека има и цели фамилии што се решаваат да одат по полињата како сезонски работници.
Ете така драги Земјоделци сега во светот дојде време не да се бараат само програмери туку и Земјоделците.
Жачно е тоа што Македонија не успева да си ги задржи своите луѓе туку и бегаат по светот.
Нашите ниви и куќи ќе пропаѓаат а ќе ги ѕидаме дворците на другите.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.