Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

13.8 C
Skopje
Thursday, October 10, 2024

More
    домаАгро ВестиЦената на јагнешкото за Велигден

    Цената на јагнешкото за Велигден

    petel baner

    Цената на јагнешкото за Велигден – се очекува зголемување на цената на јагнешкото за Велигден.

    Почнувајќи од нова година па навака почнува вртоглавото растење на цените на храната.

    Otkup na kompiri

    Цените на јагнето и на обработеното јагнешко месо се очекува да порасне во пресред на Велигденските празници.

    Цената на јагнешкото за Велигден – за некого недостижна и скапа – за некого ниска.

    Цените во месарниците се движат од најевтиното 350 денари до 400 денари.

    Низ маркетите во Скопје откупувачите велат дека цената на јагнешкото ќе достигне до 500 денари за килограм месо.

    Овие цени откупувачите велат дека се резултат на зголемените трошоци што ги имаат одгледувачите на овци.

    Храната за овците поскапе, овчар не се наоѓа ни за лек, платата за овчарите се движи и над 1000 евра месечно и пак нема кој да работи.

    Сточарите и нивните фамилии се посветени целодневно на работа околу овците и производството на млеко и млечни производи бидејќи работници тешко можат да најдат.

    Месарниците кои што се снабдуваат во кланиците велат дека неможат да постигнат и има огромна побарувачка бидејќи луѓето како да очекуваат дека цената ќе се зголеми и предвреме си купуваат јагнешко месо за празнициве.

    agrounik

    Откупувачите велат дека од ова ќе имаат ќар одгледувачите на овци а сточарите пак велат дека воопшто не се исплаќа да се чуваат овци.

    Работата е макотрпна, откупната цена е ниска со години наназад, субвенциите за 2021 година се уште неисплатени, а не сите сточари ја земале и ветената помош од 400 денари по откупено јагне за оваа година.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Изгледа како и се во државава наша така и сточарството се одржува на стаклени нозе благодарејќи на уште неколку упорни домаќини кои што не го напуштаат овчарството.

    Им посакуваме успех и нека имаат што подобра цена на јагнето како и на млекото и млечните производи бидејќи во ова време да се биде сточар е навистина многу тешко.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img