Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

21.8 C
Skopje
Wednesday, April 24, 2024

More
    домаАгро советиДали сакате да произведувате лешник?

    Дали сакате да произведувате лешник?

    petel baner

    Лешникот е едно од растенијата што може лесно да се одгледуваат доколку се следи целиот производствен процес. Лешникот дава вкусни плодови, а самото дрво може да има различни намени. За вас подготвивме сеопфатен водич за одгледување лешник. Дознајте сè за садењето, обработувањето, опрашувањето, видовите, кастрењето и бербата на ова овошје, како и за штетниците што го напаѓаат.

    Видови лешник

    Кога станува збор за лешниците, најчесто се одгледуваат од два вида, и тоа Corylus avellana и Corylus maxima. Овие два вида имаат многу слична форма на плодот, но самите растенија се разликуваат по форма во текот на развојот. Постојат 14 до 18 видови на лешник од семејството Corylus. Сепак, повеќето дрвја кои се одгледуваат во Европа потекнуваат од едно од овие две големи семејства или потекнуваат како нивни хибриди.

    Луѓето уживаат во привлечноста на лешниците уште од праисторијата, а плодовите на ова овошје биле богат извор на храна уште пред пченицата да почне масовно да се користи во исхраната на луѓето. Во Шкотска, било откриено дека лешниците се одгледувале „во големи размери“ пред 9.000 години .

    Corylus avellana  или обична леска е со помал раст и често достигнува висина од 5 метри, а широчината на кропшната до 5 метри. Сепак, понекогаш може да порасне двојно повеќе. Листовите се отвораат кон крајот на април и почетокот на мај, а паѓаат во ноември. Corylus maxima расте до 6 метри во висина, а крошната расте до 5 метри во ширина. Од првиот вид се разликува по поширокиот лист, подолги реси и речиси двојно подолг плод. Двете сорти се еднодомни, односно на исто растение растат цветови од двата пола. Corylus avellana е вид кој е карактеристичен за Балканот и Мала Азија, но го има и на други места.

    Најголеми производители на лешници

    И двата вида лешници сакаат влажна почва и блага ладовина од листопадни дрвја, особено даб . Во природата, лешниците растат  и до 700 метри надморска височина.

    Најмногу лешници се произведуваат во Турција, делот околу Црното Море и дури 70 отсто од светското производство на ова овошје. Италија произведува 20 отсто од светското производство, додека Шпанија, Франција, Азербејџан и САД ги произведуваат останатите 10 отсто.

    Еколошкото значење на лешниците

    Цветовите на лешникот се многу важен извор на полен за пчелите и другите опрашувачи. Достапни се од крајот на јануари до крајот на март. Генерално, лешниците се добри за екосистемот, многу животни и инсекти се хранат со лешници, од листовите до плодовите. Лешниците се омилено задоволство за клукајдрвците, дивите гулаби и верверичките.

    Клима погодна за одгледување лешник

    И двата вида најдобро успеваат во области со студени летни месеци и благи зими или во поморска клима. Местата со жешки лета не се идеални за овие видови, но постојат одредени сорти кои можат да дадат подобри резултати во такви услови. Може да издржи температури до -29 степени, а цветови можат да издржат и до -10 степени. Мразот може да ги оштети машките цветови и веројатно ќе го намали приносот таа година.

    Овие растенија не успеваат најдобро во тропска и суптропска клима и се погодни за постудениот период, односно од 08 – 12 часот каде температурата е под 7 Целзиусови степени. Во ова тие се многу слични на јаболката.

    Избор на земјиште за одгледување

    Лешниците растат добро на различни видови почви, од неутрална до кисела.  Тие добро поднесуваат и глина и добар тресет. Важно е почвата да има добра дренажна способност и пониско ниво на хранливи материи. Премногу хранливи материи во почвата ќе доведат до тоа лешниците да произведуваат повеќе листови, а помалку цветови и плодови. Лешниците не сакаат мочуришта, а малите слоеви плодна почва можат да предизвикаат помал раст на лешникот.

    При изборот на место за садење, избегнувајте места кои се склони кон силни мразови. Исто така, избегнувајте места каде што има многу ветер. Лешниците често не поднесуваат високи температури или долги периоди на суша. Заштитено место со добар систем за наводнување е погодно за ова овошје, кое е неопходно во потоплите клими.

    Цветање

    Машките цветови се наоѓаат во реси кои остануваат на дрвјата во зима,  додека женските се црвени по боја и растат од пупки. Машките цветови  се појавуваат во текот на летото, а се отвораат во текот на зимата и цветаат до рана пролет. Во една реса има околу 240 машки цветови кои произведуваат полен.

    За разлика од машките, женските цветови се  едвај видливи, освен ако навистина не ги барате. Имаат црвена боја и растат од зелени пупки,  на исти гранки  како и машките цветови. Се опрашува со воздух или ветер, а ако оплодувањето е успешно, сортата Авелана дава  од 1 до 4 лешници,  а Максима од  1 до 6 лешници по оплоден цвет.

    Опрашување

    лешникот се опрашува од ветрот. Покрај температурите од 10 степени под нулата, кои ги уништуваат ресите или цветовите, обилните врнежи и високата влажност можат да го уништат и спречат ширењето на поленот.

    Како и секое еднодомно растение, теоретски, машките цветови ги опрашуваат женските. Меѓутоа, како и кај оревите, лешникот може да предизвика дихогамија, односно машките цветови не достигнуваат целосна зрелост истовремено со женските. Затоа се предлага да се засадат различни сорти лешник со цел да се забрза оплодувањето на растенијата. Растенијата опрашувачи не треба да бидат оддалечени повеќе од 45 метри и треба да се наоѓаат во насоката во која  дува ветерот за соодветно да го носат поленот.

    Интересно е што поленот се шири за 4 до 6 недели од јануари до март, а самото оплодување дури по неколку месеци во јуни. По оплодувањето, женските цветови многу брзо се развиваат во плод.

    Ѓубрење на лешникот

    Ако се наоѓа на соодветно земјиште, на лешниците не им требаат ѓубрива. На земји со послаб квалитет, засадете лешник и задолжително додајте 30 литри течен компост. Добро прекријте го со слама и повторете го процесот секоја пролет 4 до 5 години, а тоа значително ќе го подобри растот.

    Наводнување

    Во потоплите клими со топли лета, а малку врнежи, потребни се 40 литри вода на секои 3 до 4 недели. Мулчирањето помага да се задржи влагата.

    Берба

    Лешникот е зрел кога ќе почне да „пожолтува“ и може да се бере со рака. Плодот опаѓа во период од 4 до 6 недели и важно е да не се бере зелен. Лешниците не поднесуваат високи температури и често се сушат поради силните и чести ветрови.

    Agrobot

    Заштита

    Болести

    Честата бактериоза кај лешниците е предизвикана од бактерии од родот Xanthomonas . Предизвикува дамки на листовите, сушење на гранките а во најлош случај на целото растение. Растенијата кои веќе се под одреден стрес се најпогодни за развој на оваа болест.

    Штетници

    Најголемиот противник со кој се борат одгледувачите на лешник се верверичките. Покрај нив, Лесниковиот сурлаш може да уништи и зрели плодови. Овој инсект несе јајца во незрелите лешници. Кога ќе се изведат во црви, тие се хранат со зрели плодови пред да го остават плодот. Отстранувањето на опаднатите лешници е еден начин да се заштитите од него.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Плевел

    Нанесувањето прекривка со дебелина од 10 до 20 cm е добар начин да се спречи растот на плевелот. Покрај овој метод, секое лето се препорачува скубење на свежо никнат плевел, особено додека растенијата сеуште се млади.

    Принос

    Лешниците почнуваат да даваат род по 2 до 3 години. Дури по 4 години стануваат комерцијално продуктивни, а врвот на раѓање го достигнуваат во периодот од 10 до 15 години. Во просек даваат од 3 до 4 килограми лешник по дрво, додека максималниот принос е до 11 килограми по дрво.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img