Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

24.8 C
Skopje
Wednesday, July 6, 2022

More
    домаситеДали ја знаете разликата помеѓу мајчина душица и Темјан?

    Дали ја знаете разликата помеѓу мајчина душица и Темјан?

    Мајчина душица и Темјан, сродни растенија кои потекнуваат од истиот род Thymus. Освен што се вистинско богатство на здравјето, на најдобар начин ќе збогатат многу јадења.

    Името Темјан, thymus доаѓа од грчкиот збор thymon што значи храброст па затоа на пример римските војници го додавале во водата за капење за да зајакнат. Додека пак, во средниот век припадниците на аристократската класа го носеле во своите џебови за да се заштитат од болести и непријатни мириси.

    Иако мајчина душица и темјан често се мешаат, постои една видлива разлика во начинот на нивното растење. Мајчината душица е ползавец, а темјанот расте исправено.

    Која е основната разлика помеѓу мајчина душица и Темјан (Thymus serpyllum и Thymus vulgaris)?

    Најголемата разлика е во начинот на кој растат. Ако подобро погледнете како расте растението, ќе видите дека кај темјанот стеблата стојат исправено, а кај мајчина душица стеблото се наведнува.

    Друга разлика е во листовите, кои се нешто потесни кај темјан и малку свиткани надолу. Покрај тоа, темјанот цвета со бели или малку розевкасти цветови, а мајчината душица има цветови во потемна розова нијанса. Мирисот им е многу сличен, а по вкус, мајчината душица има малку погорчлив вкус од темјанот.

    Корисно влијание врз здравјето

    Мајчина душица и темјан имаат исти својства, но тие се нешто поизразени кај темјанот. Лековитите состојки кај мајчина душица се наоѓаат во листот и цветот. Затоа треба внимателно да се бере, а не да се кубе. Кога е време на берба (мај, јуни, јули, август-септември), внимателно отсечете ја само горната половина од лиснатите гранчиња во цветот со ножици.

    Ова растение содржи есенцијални масла. Особено е ефикасно при нарушувања на респираторниот систем како кашлица, проблеми со непцата, лош здив, проблеми со варењето… Доколку страдате од кашлица, поради неговите лековити материи, експертите препорачуваат вдишување мајчина душица за разградување на секретот во бронхиите.

    Примена во кулинарството

    Мајчината душица, која има специфичен, пикантен вкус, се користи за готвење јадења од риба или разни видови месо, зеленчук, паштети, салати, супи или сосови.

    Темјанот често се користи и како лек, но и во гастрономијата. Ги зајакнува белите дробови, благотворно делува на желудникот, го елиминира ПМС, ја намалува кашлицата, главоболката, варењето, ги смирува нервите, поволно делува на рани, акни, габи на стапалата. Ова растение има неверојатни антисептички својства, па затоа се смета дека е едно од најважните природни средства за дезинфекција.

    Денес, темјанот сè уште понекогаш се користи како одлично природно средство за конзервирање и дезинфекција. Се користи дури и за дезинфекција на простории, предмети и алишта.

    Треба да се бере многу внимателно за да се зачува етеричното масло, по можност за време на топло и сончево време, околу пладне, кога веќе нема роса и кога содржи најмногу етерично масло.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img