Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

17.8 C
Skopje
Sunday, June 4, 2023

More
    домаАгро ЗабаваКако да познаете старо јајце

    Како да познаете старо јајце

    Како да познаете старо јајце – еве еден тест кој ќе ви помогне да оцените дали јајцето е свежо или е старо и распано.

    Во периодот на Велигденските празници трговците знаат да направат залиха на јајца бидејќи ова е периодот кога побарувачката расте а со тоа и цената на јајцата.

    Поради тоа не ретко ни се случува за Велигден да ни продадат стари и расипани јајца.

    Ако се сомневате во вашиот трговец тогаш направете го овој тест:

    Ставете ги јајцата во вода и внимавајте дали ќе потонат или не.

    Расипаното јајце останува да плива а свежите јајца потонуваат во садот со вода.

    Како да познаете старо јајце

    Еве уште неколку трикови за тоа како да оцените дали јајцата се свежи или стари.

    Полека потресете го и доближете го до уво за да го слушнете звукот од внатрешноста.

    Ако не слушнете никаков звук тоа е добар знак и јајцето е свежо, но ако слушнете некаков звук тогаш се работи за старо и расипано јајце и немојте да го јадете.

    Кога ќе го скршите јајцето ако жолчката остане цела и цврста тоа значи дека јајцето е свежо а ако се распадне жолчката и добие неправилна форма тоа значи дека јајцето е старо.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img