Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

11.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

More
    домаАгро ВестиВо Колумбија е отворена банка за семиња за тропски култури

    Во Колумбија е отворена банка за семиња за тропски култури

    petel baner

    Во Колумбија е отворена банка за растителни семиња за зачувување на тропски култури. Екстремните временски услови ги погодуваат посевите ширум светот. Затоа станува се поважно да се обезбедат и системи за храна и благосостојба на земјоделците.

    Затоа минатиот месец во Колумбија беше отворена банка за семиња наречена „Future Seeds“. Тоа е најголемата колекција на грав, маниока и храна за добиток од тропските предели.

    Оваа „библиотека за семиња“ вклучува и центар кој спроведува истражувања поврзани со отпорноста на климатските промени, како и заштитата на животната средина.

    „Future Seeds“ е, според оперативниот директор Марсел Сантаела, место каде што можете да ја запознаете целата наука за семињата. Џеф Безос веќе донирал 17 милиони долари за развој на оваа банка за гени.

    Во истражувањето, експертите вработени во „Future Seeds“ користат висока технологија за да ја разберат генетиката на растенијата и нивните начини на адаптација.

    „Ќе ја користиме најновата технологија за секвенционирање која вклучува роботика и вештачка интелигенција, интегрирани со фенотипирање, за да го максимизираме нашето знаење за својствата на растенијата поврзани со климата“, рече Џо Томи, шеф за исхрана и здравје на културите во Future Seeds.

    Анализирање на квалитетот на почвата

    Gene Bank стана и партнер на развојната компанија „X Development“. Оваа соработка опфаќа работа на пилот-возилото „Минерал Ровер“, вид на земјоделска помош што го анализира квалитетот на земјиштето.

    Agrobot

    Future Seeds моментално има околу 67.000 различни примероци кои вклучуваат грав, маниока и други видови растенија. Примероците се класифицираат во групи, според видот или начинот на одгледување. Семињата потекнуваат главно од тропски култури од соодветните региони ширум светот.

    Со континуирано инвестирање во „Future Seeds“ ќе се овозможи пообемно истражување и проширување на колекцијата. Земјоделскиот инженер Хуан Гонзалес се надева дека ќе може да добие семиња од различни видови растенија пред да изумрат.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Тој наведува дека уништувањето на шумите во комбинација со инфраструктурни проекти и одгледувањето само една култура (земјоделство со една култура) го претвора зачувувањето на ретките видови во трка со времето.

    Сантаеља истакна дека заштитата на биолошката разновидност е многу важна. Не знаеме какви предизвици не очекуваат во следните 50 или 100 години. Пронаоѓањето на видови растенија отпорни на болести е една од најважните работи и дури после тоа може да се зборува за принос.

    За повеќе корисни стории посетете ги рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img