Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиСончогледово масло 5 евра во Германија

    Сончогледово масло 5 евра во Германија

    petel baner

    Поради војната во Украина и поради проблеми со снабдувањето, литар сончогледово масло во продавниците во Германија чини 5 евра. Разграбано е уште во раните утрински часови од продавниците, а пријавени се дури и кражби.

    agrounik

    „Крадат масло како да е виски“, се дел од коментарите. Едно од последните апсења беше минатиот викенд во Бад Лангенсалц. Полицијата уапси крадец кој украл 70 литри масло за јадење.

    Otkup na kompiri

    Како што беше соопштено, полицијата го пронашла 51-годишникот како турка канистри во инвалидска количка, а на распитот признал дека украл масло од магацин на ресторан. Полицијата потоа го принудила да му го врати на сопственикот и против него поднесе кривична пријава за „тешка кражба“.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Уште во средината на март, Здружението на германската индустрија за преработка на масло предупреди дека имаат залихи на сончогледово масло за само неколку недели и дека ќе има недостиг.

    Имено, Германија увезува 94 отсто сончогледово масло, додека само 6 отсто од потрошувачката покрива домашното производство. Лошиот принос на сончогледот во Канада, проблемите со транспортот поради пандемијата и војната во Украина, од која Германија увезува големи количини сончогледово масло, доведоа до поскапување од 1,5 на 5 евра за литар, а потоа да се испразнат полиците. Некои супермаркети намерно ја ограничуваат продажбата на масло и брашно за да избегнат создавање залихи кај граѓаните.

    За повеќе корисни стории посетете ги рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img