Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

28.8 C
Skopje
Friday, July 1, 2022

More
    домаАгро ВестиПет нови јавни повици за набавка на земјоделска опрема, опрема за производство...

    Пет нови јавни повици за набавка на земјоделска опрема, опрема за производство на тутун и „Рурална жена“

    Денеска се објавени пет нови јавни повици од Програмата за рурален развој, за мерките: Мерка 115- попозната како „Рурална жена“, и Мерка 121- Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства со 4 подмерки: набавка на трактори, силоси, инвестиции во мандри и опрема за производство на тутун.

    Јавните повици се во рамките на Националниот план за производство на храна кој е креиран како стратешка цел за заштита на домашното земјоделско производство. Финансиската поддршка која е овозможена со овие пет јавни повици, се нови средства кои директно ќе се инвестираат кај земјоделците.

    Јавниот повик за мерката наменета специјално за жените носители на земјоделски стопанства попозната како „Рурална жена“ почнува да тече од денес.

    „Оваа мерка првпат ја воведовме во 2019 година како пилот мерка и слободно можеме да кажеме дека со 250 доделени грантови мерката е успешна приказна и токму тоа не мотивираше да оваа година максималниот износ по корисник го зголемиме двојно, односно од досегашните 3000 на 6000 евра по корисник, средства кои се наменети за доработка и преработка на примарни земјоделски производи, како и за набавка на опрема за директен маркетинг на фарма. Ефектите кои се постигнаа со оваа мерка, се развиени мали семејни бизниси и нови производи на пазарот за што и самиот се уверувам во моите теренски посети. Од сопственото земјоделско производство жените развија широк спектар на призводи со додадена вредност, а само мал дел од нив се маџун, млечни производи, пчеларски производи, мармалади и други“ изјави министерот Николовски.

    Вториот јавен повик од мерката за модернизација на земјоделски стопанства се однесува на поддршка за набавка на трактори. На минатиот јавен повик од оваа мерка беа склучени договори со 540 корисници со вкупен износ од 206 милиони денари.

    „Овој јавен повик има за цел да ги поттикне производителите на поледелски и индустриски култури да набават соодветни трактори за да ја зголемат продуктивноста на своите посеви. Производителите на пченица, јачмен, пченка, сончоглед и другите житни и индустириски култури треба да ја искористат оваа можност која им ја нуди државата“ потенцираше министерот Николовски.

    За прв пат, се објавени јавни повици за силоси, мандри и опрема за тутун.

    Овие повици имаат за цел зголемено производство на житни  и индустриски култури (пченица, јачмен, рж, овес, тритикале и пченка), зголемено производството на тутун, и осовременување на производниот процес во овчарството и козарството со изградба на мандри за производство на сирење и кашкавал и силоси до 25 тони капацитет исклучиво наменети за сточарски фарми.

    „Новитет од оваа година се мерките за инвестиции во силоси, мандри и опрема за производство и преработка на тутун. Со финансиска поддршка од 50% – 75% од вкупната вредност на инвестицијата ќе бидат поддржани производителите на житни култури кои во својот деловен план ќе предвидат набавка на силоси за складирање на житни и индустриски зрнести култури. Максималната вредност на прифатливи трошоци е 1 милион денари. Со цел стимулирање на преработката на македонското млеко и пласирање на нови производи објавен е и повик за финансиска поддршка за инвестиции во мандри. Оваа поддршка може да ја искористат сите сточари кои имаат минимум 150 овци или минимум 50 кози. Максималната вредност на инвестицијата може да биде 600.000 денари од кои 50% – 75% ќе бидат ко-финансирани од страна на Агенцијата. За оптимизирање на квалитетот на македонскиот тутун, овозможуваме и финансиска поддршка наменета за процесот на производство и преработка на тутунот. Максималната поддршка е во висина од 4 и пол милиони денари кои ќе бидат ко-финансирани од Агенцијата во висина од 50% – 75%“ изјави Бачовски.

    Сите заинтересирани апликанти можат да поднесат барање за финансиска поддршка преку системот за електронско аплицирање во Агенцијата, со прилог деловен план,  понуди со детална техничка спецификација и решение од ЕРЗС системот за евидентирани производни капацитети.Министерот Николовски потенцираше дека поддршка ќе добие секој еден кој уредно ќе аплицира и ќе ги исполни условите и нема да има систем прв дојден – прв услужен. Рокот за аплицирање ќе трае до 20. мај 2022 година.

    Текстот е превземен од mzsv.gov.mk

    За повеќе корисни стории посетете ги рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Спречете ги проблемите во посевите со морков 
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Еве како до НОВ ТРАКТОР
    spot_img
    spot_img
    spot_img