Стрижење на овци се прави во овој период кога времето почнува да затоплува.
Сточарите во Макеоднија одгледуваат овци за месо и за млеко а се поретко за волна.
Како и да е еднаш годишно мора да се шишаат овците за да не им биде топло. Стрижењето е задолжителна хигиенска постапка кај овците. Доколку овците не се истрижат ќе страдаат од топлината, нема да напредуваат и крзното ќе стане место за развој на паразити, инфекции и инсекти.
Волната се продава преку пазари, приватни компании и луѓе прекупци кои што доаѓаат до местото на стрижњето на овците и на лице место ја откупуваат волната а во поново време и преку ИНТЕРНЕТ.
Откупците најчесто откупуваат неизмиена волна од овца. Цената зависи од расата на овци од чистотата но сепак во последно време цената е ниска и се исплати само колку да ги платиш луѓето што ги ангажираш за шишање на овците.
Најценето крзно е од расата Мерино.
Секој сопственик сам избира кога ќе ги стрига своите овци а тоа е најчесто на пролет.
Јагнињата дозволено е да се шишаат после 5 месеци.
Пред почнување на постапката треба да се внимава на состојбата на крзното. По зимата влакната се обично суви и тврди и тешко се сечат. Подобро е да се почека одредена маснотија да се акумулира во крзното и така тоа ќе стане меко и еластично и нема да се раскинува при сечење.
Еве и едно видео за машинско шишање овци.
Потребни алатки:
Има два вида на алатки: рачни и машински
Најважно е за едните и за другите алатки да бидат остри.
Во последно време во Македонија се појавија тајфи кои што организирано по покана на сопствениците на стадата ги посетуваат и ги стрижат овците најчесто со машинки на струја или на батерии.
Овие алатки побрзо и подетално ги стрижат овците.
Машинските алатки можат да чинат од 200 евра и повеќе.
Сепак кај нас многу често овците се стрижат со рачни ножици направени од челик.
Овие ножици се уште можат да се купат по пазарите и чинат околу 20 евра.
При стрижењето на овците треба да се внимава да не се повредат и да не ги исечеме бидејќи може да настанат незгодни рани кај животното.
Најтешки за стрижење се овните поради нивниот карактер и бидејќи имаат повеќе набори на кожата и роговите.
Стрижењето започнува во близината на вимето, опашката или задните нозе.
Внимателно треба да се намети животното и никако силно да се притиска со ногата на стомакот од овцата.
Треба што пониско да се фати до кожата и подолги ленти за целосно да се ослободи крзното.
Стрижењето овци е многу тешка работа и бара физичка кондиција.
Со вас ќе споделиме и едно видео што ни го испративте. Браво младо момче секоја ти чест.
Поздрав добри луѓе.
Само Рурално.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.