Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиАвстриски млекарници ја прекинаа испораката на производите

    Австриски млекарници ја прекинаа испораката на производите

    petel baner

    Трошоците за производство на млеко во одредени австриски млекарници се зголемени за 30 отсто. Во Русија имаат залиха на материјали за пакување за само неколку месеци.

    Втората по големина млекарница во Австрија, NÖM, со седиште во Баден, најави превентивна суспензија на испораката на одредени производи поради зголемените трошоци. Имено, литар сурово млеко веќе поскапе за 10 центи. Тоа е раст на трошоците за 30 отсто или 40 милиони евра годинава за компанијата.   

    Otkup na kompiri

    Причината е поскапувањето на енергенсите, особено на гасот, бидејќи тие се стопроцентно зависни од тој извор на енергија.

    Членот на одборот Алфред Бергер најави дека поради мерки на претпазливост ќе ја прекине испораката на одредени производи. Сепак тој не прецизираа за кои производи станува збор. 

    Можно е намалување на производството на одредени австриски млекарници

    Дополнително, предупредуваат на проблеми при набавка на материјали за пакување и овошни препарати кои се користат за производство како на пример, овошни јогурти. Исто така, одгледувањето јагоди во Долна Австрија покрива само шест отсто од нивните потреби. Проблем е и недостатокот на работна сила, затоа што нема да има берачи од Украина годинава. 

    Слично е и со малините кои се три до пет пати поскапи, а кога е во прашање доставата недостигаат камионџии. 

    Што се однесува до пакувањето, недостигаат материјали кои се користат за пакување на јогуртот, павлаката и другите млечни производи. 

    Млеко во лимени садови

    Имаат проблеми со ова и во Русија. Според dairy global , дури 95 отсто од материјалот таму доаѓа од увоз. Поради воведените санкции, тие веќе не можат да користат Тетра Пак, а компаниите Елопак и Стора Енсо исто така престанаа да работат во Русија, додека Тетра Лавал го намали бизнисот во таа земја. 

    agrounik

    Во индустријата за пакување храна, картон, полиетилен, бои, алуминиумска фолија и други суровини првенствено се увезуваат од Европската Унија. 

    Остануваат со стаклена амбалажа или метални кутии, т.н лименки поради што ќе треба да размислуваат за намалување на рокот на траење на млекото и млечните производи. „ Веројатно нема да завршиме со млеко во метални кутии, но, знаете, подобро е да не ветуваме “, коментираше за ситуацијата Аркадиј Пономарев , основач на рускиот млекарски холдинг Молвест. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Имаат материјали за пакување за само 1,5 до 3 месеци. 

    Интересно е што меѓу постарата популација, спомнувањето на лимени кутии предизвика сеќавања за недостигот на храна во доцниот советски период и раните 1990-ти, кога чекаа во редици за да купат од овие големи, незгодни контејнери за потрошувачите. Тие беа синоним за недостиг на млеко. 

    За повеќе корисни стории посетете ги рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img