Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More
    домаситеБоров мед и неговите многубројни здравствени придобивки

    Боров мед и неговите многубројни здравствени придобивки

    petel baner

    Истражувањата покажаа дека конзумирањето на боров мед помага при сите видови настинки и респираторни заболувања. Најмногу помага како лек за кашлица, особено за бронхитис, астма, а има и антиалергиско дејство.

    Боров мед е направен од борови иглички кои се богат извор на витамин Ц, ароматични масла и имаат повеќекратни здравствени придобивки. Познато е дека боровиот мед има бројни здравствени придобивки, особено за нашиот респираторен систем. Одличен е како превенција и додаток во различни третмани на здравствени состојби. 

    Agrobot

    Борот е исто така неверојатен лек за рани поради антиоксидантните и лековитите својства. Борот е почитуван извор на витамин Ц. Студија спроведена од Американската шумарска служба покажа дека борот има ниво на витамин Ц кое се движи приближно до речиси 4 пати повисоко од портокалот. Според студијата, колку се постари иглите, толку е поголема содржината на аскорбинска киселина. 

    Најквакитетен боров мед е сибирскиот

    Што се однесува до боровиот мед, најблизок ни е тој од Тасос, а најквалитетниот доаѓа од Сибир.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Овој мед настанува така што растителните вошки ги оштетуваат боровите иглички и слатките растителни сокови излегуваат како „медена роса“. Пчелите ги внесуваат овие сокови во кошницата и ги преработуваат како и секој друг нектар во мед. На овој начин се создава еден од најквалитетните медови за луѓето, но не и за пчелите. Не смееме да го оставаме во кошниците во текот на зимата, бидејќи може да биде фатален за дигестивниот тракт на пчелите.

    За пчелите да произведат чист боров мед, сандаците мора да бидат во борови шуми кои се протегаат со километри. Тоа само во периодот кога на борот се лачи медената роса. Исклучително силните пчелни колонии, кои се формираат со спојување на неколку колонии, собираат два до три килограми од овој мед по пасиште.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img