Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

29.8 C
Skopje
Wednesday, July 24, 2024

More
    домаАгро советиПодготовка на атомизерот за работа во 8 чекори

    Подготовка на атомизерот за работа во 8 чекори

    petel baner

    Квалитетот на заштитата на растенијата, загубата на течности и степенот на покриеност, меѓу другото, зависат од исправноста и подготовка на атомизерот.

    agrounik

    Вообичаено, под исправноста на атомизерот, нашите земјоделци подразбираат работа на пумпата, односно добар притисок и визуелен проток на млазниците. Се разбира, пумпата е практично „срцето“ на атомизаторот, но нејзината исправност не гарантира 100% квалитетна заштита. Она на што земјоделците обрнуваат многу малку внимание се квалитетни мешачи и дизни за атомизерите.

    Главните причини за губење на течности и слаба покриеност се:

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    • Истрошени и оштетени млазници
    • Лош проток на воздух на вентилаторот
    • Дефект и неисправност на мешачот
    • Помал број на филтри и нивно неправилно чистење
    • Тестирањето на атомизерот најдобро се прави после зимата (кога поминуваат ниските температури) и непосредно пред почетокот на сезоната за да може атомизерот да се прилагоди и да биде подготвен за работа.

    Подготовка на атомизерот

    На почетокот на сезоната треба да се направат следните работни операции:

    • Проверете го резервоарот за нечистотија
    • Пред да ги поставите млазниците, истурете мала количина вода и користете ја пумпата за да ги измиете резервоарот и цревата на атомизерот.
    • Измијте ги прскалките и ставете ги во нивните приклучоци, користете подлошки за да спречите истекување од страна и не затегнувајте го куќиштето на млазницата
    • Проверете и исчистете ги филтрите (мали и големи)
    • Тестирајте и прилагодете го манометарот.
    • Купете нови млазници ако старите се истрошени или оштетени
    • Прилагодете го притисокот врз основа на табелата на производителот на прскалките
    • Одредете ја оптималната брзина на тракторот.

    За стручен совет и набавка на нов атомизер кликнете ОВДЕ, или јавете се на овој ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img