Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Friday, December 2, 2022

More
    домаситеМускатно оревче како зачин со бројни лековити својства

    Мускатно оревче како зачин со бројни лековити својства

    Мускатно оревче – Исклучително познато по своите лековити својства во народната медицина, важно е да се напомене дека е одличен извор на важни минерали и витамини.

    Мускатно оревче (Myristica fragrans)

    Специфично зачинско и лековито растение кое потекнува од Индонезија од таканаречените „острови на зачините“ – островите Малука.

    Се покажа дека е одличен во регулирање на варењето и забрзување на метаболизмот. За оние кои страдаат од гастритис, се препорачува мешање на морско оревче со лимон. Мускатното оревче се препорачува за луѓе кои патат од несоница. 

    Ќе и помогне на вашата кожа да стане помазна и поздрава. Пилинг со додавање на мускатното оревче ќе ги намали митесерите, вид на акни што се појавуваат кога порите ќе се затнат поради вишокот маснотии и мртвите клетки на кожата.

    Неговото масло дава енергија и сила, а освен тоа помага во многу процеси во организмот. Во интелектуални напори, ова масло ја подобрува концентрацијата и ја зголемува севкупната ефикасност и помага при внатрешен немир и депресија. 

    Ја подобрува периферната циркулација;

    Ја ублажува болката при ревматизам и артритис;

    Стимулира за замор и малаксаност;

    Ја зајакнува концентрацијата и ја промовира менталната активност преку миризливи рецептори;

    Ја зајакнува сексуалната активност на мажите.

    Тоа е и моќен седатив. Традиционалната кинеска медицина го користи овој зачин за намалување на хроничното воспаление во телото и за болки во стомакот. Може да користите мускатно оревче ако чувствувате болка во зглобовите и мускулите.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img