Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

7.8 C
Skopje
Wednesday, April 24, 2024

More
    домаситеЗелена салата - кралица на здравјето

    Зелена салата – кралица на здравјето

    petel baner

    Зелена салата или популарно Марула е богата со минерали како што се калиум, калциум и натриум.

    Зелена салата – Содржи и голема количина на витамини. Богата е со витамин Ц кој го штити организмот од настинки и грип и витамин Е кој е моќен природен антиоксиданс кој ги штити клетките од оштетување. Витамините А и Б2, кои исто така ги има во големи количини, се добри за очите, косата и кожата.

    Покрај тоа, содржи фолна киселина, фосфор, железо, магнезиум, бакар, манган и цинк. Има многу висок процент на вода, па на овој начин го хидрира организмот. Затоа е добро да ја јадете секој ден. Секако, добро измијте ја пред употреба.

    Agrobot

    Ова се други придобивки што ги дава на телото:

    Го зајакнува имунитетот

    Оваа салата е добра за имунитетот бидејќи содржи магнезиум, калиум, калциум и фосфор. Овие минерали го намалуваат штетното влијание на слободните радикали во телото и на тој начин штитат од вирусни инфекции и слични болести. Исто така, голема количина на витамин Ц поволно делува на имунитетот. Освен што е добра за имунитетот, и цревата ќе работат подобро.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Помага за подобро функционирање на цревата и слабеење 

    Добро е за сите кои се трудат да ослабат бидејќи има релативно висок процент на растителни влакна. Храната која е богата со растителни влакна ни помага да се чувствуваме сити и со помалку храна, а дополнително го забрзуваат метаболизмот. Со сето тоа, салатата има малку калории.

    Го чува здравјето на коските

    Калциумот кој го содржи е важен за здравјето на коските и забите, а помага и за одржување на мускулната функција.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img