Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Thursday, December 5, 2024

More
    домаАгро советиОпаѓање на цветовите на доматот

    Опаѓање на цветовите на доматот

    petel baner

    Опаѓањето на цветовите на доматот е чест проблем што се случува во многу садници од овој растителен вид. Има повеќе причини, а најчести се превисоките или ниските температури.

    Повеќето проблеми со губењето на цветот тешко се контролираат. Тие се поврзани со температурата на воздухот и стресот што го трпи растението, а некои од нив се:

    Otkup na kompiri

    – превисоки или прениски температури,
    – недостаток на опрашување,
    – премногу или премалку азот во почвата,
    – превисока или прениска влажност,
    – недостаток на вода,
    – стрес предизвикан од напад на инсекти или болест,
    – прекумерен потенцијал за плодност.

    Сепак, најчеста причина за цветањето на доматите е температурата. Доматот секако ќе трпи стрес доколку максималните дневни температури се над 29 степени и не се спуштат ноќните температури под 21 степен, како и во услови кога минималните ноќни температури се под 12 степени.

    Во овој поглед, идеален температурен опсег за правилен раст и развој на доматите е опсегот помеѓу 21 и 29 степени во текот на денот. Растението може да издржи екстремни температури пократок временски период. Но, повеќе денови со температури надвор од идеалниот опсег ќе го принудат растението да ги отфрли предвидените плодови и да се концентрира на преживување.

    За жал, ниту една интервенција на одгледувачот не може да гарантира дека бројот на плодови што едно растение ги предвидело за раст, всушност ќе вроди со плод. Во случај на одгледување на отворено, останува само да се биде трпелив и да се чека да се поправат временските услови. Од друга страна, доколку временските услови се поволни, а другите одгледувачи во околината немаат проблеми со опаѓањето на цветот, причината треба да се бара во друга насока. Сепак, одгледувачот на зеленчук може да направи предуслови за добар раст на доматите.

    Одгледување на сорти кои се приспособени на одредени климатски услови

    Одгледувачите во постудени клими не треба да брзаат да садат домати во пролет. Потребно е да се почека просечните ноќни температури да почнат да надминуваат 12 степени неколку дена по ред. Може и како опција навечер растенијата да се прекријат со фолија. Изборот на рани сорти кои поднесуваат постудени временски услови ќе ги подобри шансите за успешно одгледување. Исто така и изборот на сорти отпорни на високи температури во услови на одгледување домати во потоплите клими. Треба да се има предвид дека високите ноќни температури се уште попогубни за растението од високите дневни температури. Во такви услови растението не може да мирува ниту навечер.

    Обезбедете опрашување

    Иако овие растенија се самоопрашуваат, сепак им треба одредена помош во процесот. Без разлика дали се работи за инсекти, ветер или рацете на самиот градинар, потребна е одредена сила за да се пренесе поленот до толчникот на растението. При екстремни временски услови обично нема инсекти на отворено, па поради тоа трпи процесот на опрашување. Начин да се обезбеди постојано присуство на пчели и други опрашувачи во зеленчуковата градина е да се засадат цвеќиња богати со нектар.

    Умерено ѓубрење

    Доматите не треба да се ѓубрат пречесто. Доколку почвата е здрава со доволно органски материи во неа, ѓубрењето е потребно само за време на садењето и подоцна во фазата на формирање на плодот. Прекумерното количество на азот во почвата доведува до тоа растението да развие поголема лисна маса за сметка на плодот.

    agrounik

    Грижа за соодветната влажност

    Идеалниот опсег на влажност е помеѓу 40% и 70%. Ако влажноста е или прениска или превисока, тоа директно влијае на ослободувањето на поленот, како и на способноста на поленот да се залепи на толчник на растението. Во овој случај, опрашувањето е отсутно. Доколку влажноста е премногу ниска, се препорачува во текот на денот листовите да се навлажнуваат со вода. Вака ќе се разлади растението и ќе се зголеми влажноста. Меѓутоа, ако немате мерач за влажност на воздухот, не правете го ова, бидејќи може да предизвикате габични заболувања. Исто така, оваа мерка не се применува доколку веќе има забележливи габични заболувања на лисната маса.

    Обилно наводнување еднаш неделно во сушни периоди

    Доматот е растение со исклучително длабоки корени кои достигнуваат и до 1,5 метри под земјата. Недоволното наводнување може да предизвика стрес и да го ослаби растението.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Чувајте го растението здраво

    Најдобар совет е да се почитуваат добрите практики за нега соодветни на одредена сорта домати, како и да се третираат можните болести веднаш штом ќе се појават. Можете исто така да користите здружување со други култури и да засадите растенија кои би му помогнале на доматот да расте подобро и да биде посилен.

    Проблемот со висок потенцијал

    Ова е важно да го знаете, бидејќи ќе ве ослободи од стресот. Во случај кога растението изгубило голем број цветови, сите тие се борат меѓу себе и се натпреваруваат за ограничени извори на храна што растението им ги доставува, во обид да формираат плод. Во таа борба, само најсилните меѓу нив успеваат да преживеат. Другите отпаѓаат со тоа што растението ги отфрла, слично како што прават овошките за време на феноменот познат како „јунско опаѓање на плодовите“. Меѓутоа, откако ќе се соберат првите плодови, проблемот со природната конкуренција полека ќе стивнува.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img