Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

17.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаАгро ВестиГраѓаните на ЕУ можат да бараат компензација за загадениот воздух

    Граѓаните на ЕУ можат да бараат компензација за загадениот воздух

    petel baner

    Граѓаните на ЕУ можеби ќе можат да ги тужат своите влади. Можат и да бараат финансиска компензација доколку незаконското ниво на загаденост на воздухот им наштети на нивното здравје. Ова го изјави главниот советник за правда на ЕУ.

    Мислењето на советникот беше издадено по серијата пресуди на судот со седиште во Луксембург во последниве години. Десет членки, меѓу кои Франција, Италија, Шпанија, Португалија, Полска, Романија и Бугарија, беа прогласени за виновни за нелегално загадување на воздухот.

    Според Европската агенција за животна средина (ЕЕА), загадувањето на воздухот е одговорно за 300.000 предвремени смртни случаи во Европа секоја година.

    – Прекршувањето на крајните вредности за заштита на квалитетот на воздухот според правото на ЕУ може да доведе до право на надомест од државата. Ова се наведува во соопштението на Судот.

    Адвокатката од највисокиот европски суд, Јулијана Кокот, истакна дека посиромашните заедници често живеат и работат во области со висока загаденост. Ним им е особено потребна судска заштита.

    Поединците мораат да докажат дека загадувањето е директна причина за нарушеното здравје

    Поединците кои бараат отштета за нарушено здравје мора да докажат дека директна причина за оштетување на нивното здравје е аерозагадувањето“, рече Кокот.

    Владата, пак, може да ја избегне одговорноста доколку докаже дека не биле прекршени границите на загадувањето. Исто така и дека има соодветен план за квалитетот на воздухот.

    – Оваа правна потврда дека постои начин властите да одговараат претставува голем напредок во борбата за чист и здрав воздух.

    Мислењето на советникот не е обврзувачко, но Судот обично се согласува со него во пресудите што следат.

    Agrobot

    Новото мислење се однесува на случајот со Парижанец кој побарал од француската влада отштета од 21 милион евра. Тој објаснува дека загадувањето на воздухот му наштетило на неговото здравје. Додека пак владата не обезбедила почитување на границата на ЕУ.

    Судот во Версај, кој работи на тој случај, побара од Судот на ЕУ да разјасни дали поединци можат да бараат таква отштета.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Помеѓу 2010 и 2020 година, Париз ги прекрши законските ограничувања на ЕУ за загадување со азот диоксид.

    Во обид да го намали бројот на предвремени смртни случаи поради загадениот воздух, ЕУ ќе предложи ажурирање на границите за загадување. Вака подобро ќе се усогласат со построгите правила на Светската здравствена организација.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img