Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

7.8 C
Skopje
Wednesday, April 24, 2024

More
    домаАгро советиЏем од јагоди - Потребни се само три состојки

    Џем од јагоди – Потребни се само три состојки

    petel baner

    Сезоната на јагоди е во полн ек, вистинско време е да пробате едноставен и брз рецепт за многу вкусен џем од јагоди. 

    Домашните производи немаат цена, па така ќе уживате и во самата подготовка, бидејќи овој џем има неодолив мирис кој се шири низ куќата додека го готвите.

    Се што ви треба се јагоди, шеќер и лимон. Прилагодете ја количината на шеќер на себе, можете малку да ја намалите, но за килограм јагоди одат околу 400 гр шеќер. Шеќерот можете да го замените со агава, мед или нерафиниран шеќер. Исто така, овде не ви требаат средства за желатинирање, џемот ќе биде малку потенок, но нема да пречи на вкусот и употребата.

    Состојки за џем од јагоди:

    • 2 кг јагоди
    • 800 гр шеќер
    • 1 лимон (исечен на парчиња)

    Зголемете или намалете ја количината според вашите потреби.

    Подготовка:

    Прво измијте ги и исчистете ги јагодите, а потоа исечете ги на четвртинки. Во длабоко тенџере измешајте ги јагодите со шеќерот и оставете да отстојат да ја пуштат водата. Најдобро е да преноќат, околу 8 часа, но ако брзате доволно е да отстојат само 1 час.

    Agrobot

    Откако ќе отстојат јагодите, ставете ги на шпорет, на најсилна температура и штом ќе зовријат намалете ја температурата, значи на средна јачина, за да се варат. Потоа додадете ги парчињата лимон. Отстранете ги парчињата лимон околу 15 минути пред крајот. Гответе додека не ја постигнете саканата густина, обично околу 1,5 час. Проверете ја густината така што ќе ставите малку џем на чинија и ќе го оставите да се излади.

    Најважно е редовно да ја отстранувате пената што излегува на површината при готвењето. Кога пената ќе престане да се појавува, тоа е знак дека џемот е готов.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Дополнителен совет

    Ако го оставите џемот за зима, тогаш треба да ги стерилизирате теглите. Ставете ги во рерна на 100ºC околу 15 минути додека не се загреат, а потоа истурете во нив врел џем, па свртете ги теглите наопаку 15 минути. Ако веднаш го јадете џемот, тогаш овој чекор не е неопходен.

    Чувајте го на ладно и темно место, а кога ќе ја отворите теглата, чувајте ја во фрижидер.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img