Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

6.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024

More
    домаАгро советиАмброзија, еден од најопасните алергени на денешницата

    Амброзија, еден од најопасните алергени на денешницата

    petel baner

    Од раната пролет и првото цветање нема мир меѓу оние кои страдаат од каква било алергија на „полен“. Но, вистинскиот кошмар допрва доаѓа – за помалку од еден месец, во текот на август, напаѓа Амброзија.

    Едно од најголемите алергени на денешницата ќе созрее го истура својот полен кој, носен од ветрот, незапирливо лета со километри низ воздухот и ги иритира ноздрите. Постојано кивање, насолзени очи кои постојано чешаат, се само дел од поблагите симптоми на оваа болест денес.

    Амброзија (Ambrosia artemisifolia L.), е едногодишно растение кое расте до метар и повеќе, препознатливо по издлабени долгнавести листови. Има цветови кои се во форма на групирани соцветија сместени на врвовите на дрвјата или гранките и имаат жолтеникава боја. Цвета кон крајот на летото и есента, произведувајќи полен. Може да произведе околу сто милиони зрна полен секоја година. Зрното полен изгледа како топка со шилци, а носено од ветрот може да помине и до 300 километри! Секое растение произведува околу 60.000 семиња кои можат да преживеат во земјата повеќе од 30 години и можат да издржат дури и услови на замрзнување. И тоа е тајната на нејзината неуништливост.

    Амброзија расте насекаде, покрај патишта, покрај патеки, пруги, покрај бреговите на потоци и реки, во запуштени дворови, особено во запуштени полиња.

    Историја

    Амброзијата не е европско растение. Донесена е од Америка на некој од прекуокеанските бродови кон крајот на 19. век и од тогаш полека и незадржливо се шири низ Европа. Во моментот ја има повеќе во Европа, отколку во Америка. Зрното на поленот ја задржува ртливоста и до 40 години.

    Штетност

    Поленот на амброзијата предизвикува алергија кај 10% од луѓето. Од сите поленски алергии, поленот на амброзијата е предизвикувач во 50 до 60% од случаевите. Кај најчувствителните лица, 8-20 поленови зрна во 1 m3 воздух, можат да предизвикаат силни реакции, а само еднo растение амброзија произведува 1-8 милијарди поленови зрна.

    Agrobot

    Во поленот на амброзијата се констатирани 52 соединенија кои се алергогени, од кои 6 се посебно опасни. Алергиската реакција првенствено се појавува на горните дишни патишта. Отежнатото дишење и засилената секреција се основни облици на алергијата која може во некои ситуации да премине и во астматични напади. Се почесто во светот се бележат смртни случаи предизвикани од претерана алергиска реакција на амброзија.

    Амброзијата не предизвикува реакција само кај луѓето, туку и кај животните.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Штетноста на амброзијата во земјоделството е голема бидејќи таа, благодарејќи на исклучително силниот коренов систем и бујната вегетативна маса, од земјиштето троши големи количини хранливи материи, предизвикувајќи негово осиромашување.

    Сузбивање

    Амброзијата првенствено расте на неуредено и запуштено земјиште. Никнува од средината на април, а цвета во доцно лето и есен, од средината на јули до првите есенски мразеви. Најефикасен начин за уништување е искоренувањето од корен, но и негувањето ниски растенија влијае на запирањето на нејзиното распространување. Во случај на поголеми површини под амброзија, се применува и редовно косење до 5 cm над земјата, а само понекогаш и третман со тотални хербициди. Ако не се коси ниско, израснува повторно во рок од 20 дена. Во природата не ја јаде ниту еден животински вид поради горчливиот вкус.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img