Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаситеСупа од овошна смола и тинктура од темјан

    Супа од овошна смола и тинктура од темјан

    petel baner

    Мирисот на темјанот го поврзуваме со религиозните обреди, но тој има многу други намени. Се користи во производството на парфеми, ароматерапија, но и во традиционалната медицина. Во продолжение за подготовка и употреба и на супа од овошна смола и тинктрура од темјан, како и зошто се користат.

    Темјанот потекнува од Африка, од Сомалија, а денес Јемен и Саудиска Арабија се особено познати по неговото производство.

    Од античко време, темјанот бил многу ценет. Хипократ го препорачал и како лек за многу пореметувања, а ги советувал луѓето да го џвакаат.

    Како дрво и како растителен вид, темјанот е загрозен, а пред неколку илјади години пристигнал во Европа.

    Првата жена-фараон на Египет – Хатшепсут, е позната и по тоа што за време на нејзиното владеење организирала експедиција на териториите кои денес припаѓаат на Сомалија, од каде, меѓу другото, се носел и темјан во Египет.

    И денес, по 4.000 години, пред храмот Хатшешсут има остатоци од темјан.

    Најпрво се користел како парфем и козметички производ, а подоцна и за лекување на воспалителни процеси.

    Антидепресивно дејство

    „Во 2008 година, израелските научници заедно со нивните колеги од Америка открија соединение од редот на ацетати, кое има анксиолитичко и антидепресивно дејство истражувајќи кај глувците“. Но, останува да се утврди дали може да влијае на луѓето.

    Од темјан се прават тинктури и бројни препарати. Се користат против синдром на нервозни црева, и во борба против Кронова болест.

    „Колку е помек и непровиден, толку е подобар темјанот“. Има различни видови, од кои најскап е белиот темјан.

    Во Кина, темјанот се користи за проблеми со циркулацијата и за ублажување на болки во зглобовите и мускулите. Кинезите често користат растителни смоли, што не е вообичаена практика на нашите простори.

    „Во овие смоли е откриено големо количество колаген и други аминокиселини, така што  смолата Доријан Греј  е смола која влијае на квалитетот на кожата, бидејќи колагенот се губи со возраста. Се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со зглобовите, ‘рскавицата, лица со проблем со зараснување на раните.

    Смолата прво се потопува во вода и се готви во вода со овошје. Се добива нешто што личи на компот. Кинезите ја нарекуваат супа и е слатка затоа што се додава шеќер. Тоа е природен, вкусен одличен извор на колаген и вкус кој потсетува на гумени бонбони“.

    Од забоболка до бубрези

    Кога станува збор за употребата на темјан на нашите простори, нашите луѓе го употребувале за забоболка. Исто така го користеле за растворање на камења во бубрегот.

    Agrobot

    Темјанот има способност да ги раствора камењата во бубрегот, па е квалитетен природен лек за лекување на овој вид на болести“.

    Тинктура од темјан

    Дваесет грама природен темјан, без дополнителен мирис, се става во сува тегла, се прелива со 100 милилитри 80% алкохол, добро се затвора и се протресува. Со повремено протресување оставете да отстои 14 дена. Потоа се цеди, се остава да се наталожи и се одлива проѕирно – златна течност.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Тинктурата се користи со пиење. Растворете десет капки во малку вода и пијте неколку пати на ден.

    Тој додава дека на нашите простори има многу можности за употреба на иглолисни смоли. Може внимателно да се собере од дрвјата и да се чува во чиста, сува тегла. Може да се користи за да се направи ефикасен мелем за рани и исекотини. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img