Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

12.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро советиМуви - огромен извор на инфекција кај свињите

    Муви – огромен извор на инфекција кај свињите

    Муви – можат да бидат огромен проблем, што влијае на надворешните и внатрешните единици за сместување на свињи. Не само што се непријатност што може да доведе до намален внес на храна, туку можат да пренесуваат и болести.

    Имено, просторот за чување свињи обезбедува идеални услови за развој на мувите. Таму имаат извор на храна, а присутни се топли и влажни услови. Куќната мува е најчестиот вид што може да се најде. Нејзиниот животен циклус завршува за само седум дена. Ако условите се добри, многу брзо може да развие многу голема популација.

    Повеќето муви на свињарските фарми се носители на неколку патогени, како што се салмонела, E. coli, свински репродуктивен и респираторен синдром (PRRS), грип, хемолитични стрептококи, ларви итн.

    Возрасните муви обично живеат помеѓу една и две недели, за кое време тие можат да шират патогени низ целата фарма. Бидејќи можат да патуваат неколку километри, тие можат да шират болести меѓу фармите.

    Има и фактор за вознемирување на свињите, особено кога популацијата на муви многу се множи. Ова може да доведе до намалување на внесот на храна кај животните. Последователно е намалување на производството и сериозни економски загуби, особено кога станува збор за големи фарми.

    Мувите обично стануваат проблем со порастот на температурите. Сепак, популацијата на може да се зголеми дури и кога температурата на околината е ниска, бидејќи просторот, ѓубривото и леглата се многу потопли и ги прават идеално место за нивниот развој.

    Возрасните инсекти сочинуваат само 15% од вкупната популација и затоа е најдобро нивното ширење да се спречи порано, пред бројките да станат неподносливи.

    Сузбивање

    За да се задржи големината на популацијата на муви на прифатливо ниво во текот на целата година, клучна е интегрирана програма за нивна контрола.

    Ефективната програма треба да го содржи следново:

    • Воспоставете ефективна стратегија за управување со отпад. Влажната и валкана слама или други материјали што се користат како легла се совршено живеалиште за развој на овие инсекти и затоа треба редовно да се отстрануваат, најмалку двапати неделно, за да се прекине нивниот седумдневен животен циклус.
    • Посебно внимание треба да се посвети на местата каде што може да се собере валкан материјал. Такви можат да бидат аглите на просторијата или под одводите / доводите / решетките.
    • Обезбедете добра вентилација . Недоволниот проток на воздух резултира со кондензација и влажна средина.
    • Редовно чистете ја истурената храна.
    • Чувајте ја вегетацијата околу област под контрола.
    • Вршете редовно и темелно чистење и дезинфекција на областите за одгледување свињи.

    Хемиска контрола:

    • Аултицидите може да се користат како мамка, спрееви, бои. Тие можат брзо да го намалат големиот број возрасни муви и да ги спречат да несат повеќе јајца и да шират бактерии и други патогени околу фармата.
    • Ларвицидите ќе спречат ларвите да се развијат во возрасни мушички. Бидејќи јајцата и ларвите сочинуваат голем процент од нивната популација, ларвицидите кои се применуваат на фармите може значително да го намалат бројот на нови возрасни муви што ќе се појават.
    • Важно е да не се користат интензивно истите инсектициди, бидејќи тоа може да доведе до отпорност на мувите во рок од само две години. За да се забави развојот на отпорност, пожелно е да се користат различни инсектициди кои имаат различни активни супстанции.

    Во заштитата на свињите, може да се користи нехемиски пристап сам или во комбинација со инсектициди, што е, се разбира, поефикасен пристап.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...5 растенија против комарци
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Сладолед од роза
    spot_img
    spot_img
    spot_img