Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

7.8 C
Skopje
Saturday, November 23, 2024

More
    домаАгро совети5 растенија против комарци

    5 растенија против комарци

    petel baner

    5 растенија против комарци ова се растенијата со кои старите се бореле против досадните комарци.

    Пред да бидат измислени разните хемиски препарати овие билки биле главните оружја во борбата против комарците.

    Otkup na kompiri

    5 растенија против комарци

    Лаванда – Пријатниот мирис на лавандата ефикасно ги одбива комарците. Ова е растение кое има антисептички и антигабични својства, се користи и во повеќето козметички препарати.

    Доколку сакате сами да си направите лосион против комарци, доволно е да земете неколку гранчиња лаванда и да ги оставите да се исушат. Потоа оставете ги сувите гранчиња околу два месеца во чист алкохол.

    Течноста потоа може да ја нанесете на вашата кожа и таа ќе служи како превенција од каснувања од секаков вид инсекти.

    Џунџуле – Ова растение содржи тиофен, состојка која ги одбива инсектите. Доколку засадите џунџуле, покрај тоа што ќе имате убаво декоративно цвеќе во својата градина или тераса, ќе го спречите и доаѓањето на комарците. Џунџулето е доста лесно за одгледување, бидејќи успева во секаква почва и во секакви климатски услови.

    Рузмарин – Рузмаринот за време на летните денови е одличен за бркање инсекти. Може да запалите гранче рузмарин, по што силниот мирис на ова растение нема да дозволи да ви се доближат комарците.

    Рузмаринот може да го чувате во саксија или во двор. Имајте на ум дека лисјата од рузмарин ги бркаат и болвите од вашиот двор.

    Босилек – Уште пред многу години луѓето практикувале да се тријат по рацете и нозете со ова растение за да се заштитат од убодите на инсектите.

    Покрај тоа што е вкусен зачин, босилекот има специфичен мирис што се смета за одличен начин да ги избркате комарците. Саксија босилек на вашата тераса или во вашиот двор ќе биде вашиот летен чувар.

    Валеријана – Истражувањата покажале дека валеријаната овозможува многу поголема заштита од повеќето препарати кои се користат за бркање на комарците. Бидете внимателни доколку имате мачка, бидејќи иако ова растение ги брка комарците, доста е  привлечно за мачките.

    Доколку сакате да си направите домашно средство за заштита, во половина литар вода ставете неколку корени или други делови од валеријаната, по што ќе ја оставите да врие на тивок оган.

    Зовриената вода исцедете ја и оставете ја да отстои во термос еден час. Потоа откако ќе се излади, може да се намачкате секој пат кога ќе мислите дека сте во близина на овие инсекти.

    agrounik

    Бонус советКога ќе забележите дека ве каснал комарец, со цел да го намалите чувството на чешање, земете метална лажица и држете ја под топла вода за да се загрее и ставете ја на местото на каснување.

    Топлината придонесува да се уништат протеините кои ги пуштаат комарците во вашата кожа и кои предизвикуваат чувство на чешање.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    И за крај ако се ова не помогне се знае ова сигурно помага 🙂

    Со нокт направете крст врз убодот од комарец и местото ќе престане да ве чеша.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img