Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

More
    домаситеЛикер од вишни - Вкусен и лековит пијалок

    Ликер од вишни – Вкусен и лековит пијалок

    Ликер од вишни – како и да го наречете овој пијалок, многу лесно се подготвува, а вкусот ќе ве воодушеви. Дури и да сте комплетен аматер, со следните совети ќе направите ликер во кој ќе уживате.

    За ваков ликер кој лесно ќе го подготвите во вашиот дом, потребни се:

    – 1 кг зрели цреши

    – 500 гр шеќер

    – 1,3 литри ракија

    Подготовка на ликер од вишни

    * Од вишните извадете ги дршките и убаво измијте ги. Потоа ставете една шака од ова овошје во кеса за замрзнување и со чекан за месо згмечете ги заедно со семките.

    * Подгответе една поголема тегла од пр. 4л, измијте и исушете добро.

    * Потоа во теглата ставете малку вишни и шеќер наизменично додека не потрошите се. Додадете ги и оние вишни кои претходно ги згмечивте.

    * На крај сè прелијте со ракија, промешајте со блендер и теглата покријте ја со газа која ќе ја врзете со некоја врвка. Оставете ја теглата на светло место 40 дена.

    * Првата недела потребно е да се вади газата и секојдневно да се меша, а подоцна кога ќе се растопи шеќерот доволно е повремено само да се протресува теглата.

    * Никогаш не ставајте капак над газата.

    По даденото време, ликерот претурете го во шишиња, а вишните можете постојано да ги оставате во ракијата. Во чашите при сервирање можете да додадете и малку од вишните.

    Не ги фрлајте вишните што ви останале, туку искористете ги за разни десерти или послужете ги разладени.

    Не ги занемарувајте лековитите својства на ликерот од вишни. Имено, вишните помагаат против несоница бидејќи содржат многу важен антиоксиданс, мелатонин, кој ја игра најважната улога кога е во прашање сонот. Некои истражувања покажаа дека делуваат речиси како природен аспирин или ибупрофен и дека помагаат при состојби како гихт и артритис.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img