Продолжен рокот за субвенции – познати сме дека чекаме јајцето да дојде до газот.
МЗШВ информира земјоделците дека до Владата е доставено барање за измена на Програмата и Уредбата за финансиска поддршка во земјоделството, со што ќе се продолжи рокот за аплицирање за субвенции до 30 јуни.
Интересот кај земјоделците за аплицирање за субвенции е голем, особено кај сточарите кои побараа продолжување на рокот.
На овој, според Министерството, ќе им се помогне на сите земјоделци кои не успеале да аплицираат согласно законскиот рок што истекува на 31 мај.
-Тие ќе добијат дополнително време од плус еден месец, период во кој ќе можат да ги подготват апликациите и навремено да аплицираат за да ја добијат финансиската поддршка која им ја дава државата. Очекуваме измената да биде усвоена, во интерес на земјоделците, наведува МЗШВ.
Редно време е и Земјоделците да почнат по активно да го кроистат и електронскиот начин на пријавување.
Продолжен рокот за субвенции
Електронско поднесување за субвенции
Телефон за контакт 02 3097 450
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.